Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клоп со поддршка за Хендерсон: Да се менува Џерард е најтешка фудбалска работа во последните 500 години

0
By Нова ТВ on April 7, 2019 СПОРТ
Фото: bola.kompas.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 7, 2019 13:31

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп со поддршка за капитенот на тимот Џордан Хендерсон по неговата одлична партија во триумфот над Саутемптон со 3:1 на стадионот „Сент Мери“ во рамки на 33. коло во Премиерлигата.

Англискиот репрезентативец влезе во игра при резултат 1:1 и беше најзаслужен за пресвртот. Најпрво му асистира на Мохамед Салах за 2:1, а потоа го постигна третиот гол за својот тим во натпреварот, негов прв во дресот на „црвените“ од септември во 2017 година.

Фудбалерот на Ливерпул честопати е мета на критики од фановите и во медиумите, но според Клоп тоа е поради големите очекувања од него. Хендерсон во 2015 година наследи не било кој, туку легендата на клубот, Стивен Џерард за што во негова одбрана застана менаџерот на екипата.

„Овој гол значи многу за него, како и за нас. Тој е фантастично момче. Хендо не добива многу пофалби, а брилијантен е. Тој е наш капетан, тој има фантастичен карактер. Ако напишам книга за него, ќе има 500 страници. Најтешката работа во фудбалот во текот на изминатите 500 години е да го замениш Стивен Џерард. Луѓето мислат дека ако тој не е Стиви, тој не е доволно добар, додаде Клоп.

Ливерпул е лидер на премиерлигашката табела со 82 бода, два повеќе од „граѓаните“ кои имаат и меч помалку. „Црвените“ во вторник ги очекува и дуел на домашен терен против Порто во четврт-финалето во Лигата на шампиони.

Јирген Клоп Ливерпул Премиерлига фудбал Џордан Хендерсон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.