Екипите на Бадел 1862 и Вардар ќе играат во финалето во македонскиот кошаркарски Куп во женска конкуренција.
Во полуфиналните дуели во салата во Негорски бањи, Бадел 1862 ја елиминира Струга 2009 со 59:40 (по четвртини: 19:13, 9:8, 16:10, 15:9) додека вардарки го поразија Работнички со 73:48 (по четвртини: 22:8, 23:10, 17:15, 9:14).
Мечот за титулата е утре попладне со почеток во 14,30 часот во салата „26 април“ во Гевгелија.