НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Колумбиската Влада нуди награда: Еден милион долари за поранешен лидер на ФАРК

0
By Нова ТВ on April 28, 2019 СВЕТ
Фото: zonacero.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумбиската Влада понуди награда од еден милион долари за информации за поранешниот лидер на герилската организација Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК). Полицијата трага по Ернан Дари Веласкес, кој е обвинет дека не го почитувал мировниот договор постигнат во 2016 година.

Наградата ја понуди колумбиското Министерство за одбрана по еден ден од судското барање за апсење на Веласкес поради наводни злосторства извршени за време на вооружениот конфликт во земјата.

Трагата на Веласкес се губи во јуни 2018 година откако тој како обвинет не се појави на три сослушувања во рамките на истрагата за злосторствата на ФАРК.

Со договорот што герилците го потпишаа во 2016 година со Владата на претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, заврши судирот што траеше 53 години. Околу 7.000 борци на ФАРК го предадоа оружјето под патронат на Обединети нации.

ФАРК беше марксистичко-ленинистичка организација, формирана како вооружено крило на Комунистичката партија која војуваше против колумбиските власти од 1964 година, а главни цели и беа поголеми права на селаните и борба против империјализмот.

Во текот на повеќедеценискиот судир во Колумбија загинаа 260.000 луѓе, околу 60.000 се водат како исчезнати, а над седум милиони ги напуштија своите домови.

Колумбија награда потерница ФАРК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.