Трофеите во УЕФА натпреварувањата за оваа сезона ќе завршат во Англија. Откако Тотенхем и Ливерпул се изборија за финале во Лигата на шампиони, како финалисти вечерва се промовираа уште две премиерлигашки екипи. Арсенал и Челзи ќе играат за титулата во Лига Европа.
Арсенал и во реваншот на „Месталја“ ја совлада Валенсија со 4:2 и со вкупни 7:3 (во Лондон беше 3:1) се проби до финалето.
Но, Челзи мораше да игра два часа на „Стемфорд Бриџ“ и да изведува пенали за елиминација на Ајнтрахт Ф. Мечот во основниот дел заврши 1:1 како и во Франкфурт, мрежите мируваа и во дополнителните 30 минути, па одлуката за вториот финалист падна во пенал рулетот.
Сезар Аспиликуета беше единствен што не реализира за лондонските сини додека Кепа Аризабалага ги „прочита“ ударите на Хинтередер и на Пациенција.
Финалето во Лига Европа е на 29 мај во Баку, Азербејџан. Три дена подоцна (1 јуни) на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе играат Тотенхем и Ливерпул во мечот за титулата во Лигата на шампиони.
Лига Европа
Полуфинале, реванши
Челзи – Ајнтрахт Франкфурт 1:1/на пенали 4:3 (прв меч 1:1)
Валенсија – Арсенал 2:4 (1:3)