Фудбалерите на Сараево се победници во Купот на БиХ по триумфот во финалниот двомеч над Широки Брег со вкупни 3:1. „Бордо“ тимот од главниот град го обезбеди шестиот трофеј во натпреварувањето, колку што има и градскиот ривал Железничар, благодарение на убедливата победа во првата средба со 3:0. Во денешниот реванш, Широки Брег славеше со минимални 1:0.
Победничкиот пехар го подигна македонскиот интернационалец Крсте Велкоски, капитен на екипата на Сараево која во викендот пред нас ќе има прилика да ја заврши сезоната со двојна круна. Во случај на триумф над Звезда 09 во сабота, „бордо“ тимот ќе го симне тимот на Зрински од тронот во Премиерлигата на БиХ.