Фудбалерите на Ајакс ја крунисаа одличната сезона со двојна титула во Холандија. По освојувањето на во националниот куп, „копјаниците“ вечерва ја освоија и тамошната Ередивизија по триумфот во последното коло над Де Графшап со 4:1. На меѓународната сцена стигнаа до полуфинале во Лигата на шампиони во кое беа елиминирани од Тотенхем по елиминациите на Реал Мадрид во осминафиналето и на Јувентус во четврт-финалето.
Двапати Душан Тадиќ и по еднаш Талјафико и Шене беа стрелци на погодоците за екипата од Амстердам која на крајот се искачи на тронот со три бода повеќе од ПСВ Ајндховен. Двете екипи ќе бидат холандски претставници во Лигата на шампиони во наредната сезона, Феенорд и АЗ Алкмар ќе играат во Лига Европа, а за преостанатото место во второто по ранг натпреварување на УЕФА ќе разигруваат Витесе, Утрехт, Хераклес и Грониген.
Бреда се сели во понизок ранг, а плејоф за опстанок ќе играат Ексцелсиор и Де Графшап.
Холандија, 34 коло
Де Графшап – Ајакс 1:4
ПСВ Ајндховен – Хераклес 3:1
Фортуна Ситард – Феенорд 1:4
Бреда – Зволе 0:0
Ден Хаг – Вилем 2 6:2
Ексцелсиор – АЗ Алкмар 4:2
Емен – Гронинген 1:0
Утрехт – Херенвен 3:1
Венло – Витесе 1:3
Табела: Ајакс 86, ПСВ Ајндховен 83, Феенорд 65, АЗ Алкмар 58, Витесе 53, Утрехт 53, Хераклес 48, Гронинген 45, Ден Хаг 45, Вилем 2 44, Херенвен 41, Венло 41, Зволе 39, Емен 38, Фортуна Ситард 34, Ексцелсиор 33, Де Графшап 29, Бреда 23.