НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај за јавните набавки: Нетранспарентни постапки, преговори без објава на оглас

0
By Нова ТВ on May 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големи тендери кои не се делат на делови со што се оневозможува конкуренција меѓу фирмите, зголемена примена на нетранспарентна постапка со преговарање без објава на оглас. Ова е само дел од клучните наоди во најновиот извештај од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули – декември во 2018 година што го објави Центарот за граѓански комуникации. Документот е во рамки на активноста јавно трошење за јавно добро и поддржан е од проектот на УСАИД за граѓанско учество со цел зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

„Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32 отсто од мониторираните тендери е добиена само една понуда. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување на оглас со вкупна вредност од 33 милиони долари или четири милиони повеќе во однос на 2017 година“, се вели меѓудругото во извештајот.

Пораст е забележан и во делот на делумно или целосно поништени постапки за јавни набавки. Лани ги имало 27 отсто или три отсто повеќе од претходната година. Проблемите што со години наназад се провлекуваат на локално ниво се нотирани и во последниот извештај. Спроведувањето на јавните набавки се карактеризира со ниска конкуренција и многу тендери со еден понудувач. Само лани до Државната комисија за жалби по јавни набавки пристигнале 695 жалби од фирми што е 37 отсто повеќе од 2017 година.

Заклучоци се извлечени и од спроведената анкета меѓу фирмите. Најчест проблем што го истакнуваат е соочувањето со „најниска цена“ како единствен критериум. Доцнењето на наплатата од второ место во 2017 година бележи пад на осмото место во 2018 година иако и натаму во просек се чека од 6 до 12 месеци за наплата на побарувања по завршени набавки. Речиси пола од анкетирани фирми (48 отсто) сметаат дека „често“ или „секогаш“ има корупција во јавните набавки, а процечната оценка што ја даваат за процесот на јавни набавки во земјата е 2,87 (во 2017 година била 2,85).

јавни набавки Корупција Постапки транспарентност УСАИД фирми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.