Меѓународниот суд за поморско право донесе пресуда дека Русија мора да врати три украински бродови и да ослободи 24 морнари кои се наоѓаат во притвор.
Трибуналот, со седиште во Хамбург, денеска одлучи во корист на Украина која го започна процесот против Русија.
Минатата година Русија конфискуваше три украински бродови во Керчкиот проток, што ги поврзува Црното Море и Азовското Море и притвори 24 членови на екипажите.