Победнички танц на Роџер Федерер и на Рафаел Надал во второто коло на Ролан Гарос. Анонимниот Германец Оскар Оте немаше никакви шанси во дуелот со фаворизираниот швајцарски ветеран кој на крајот славеше со 6:4, 6:3, 6:4 за нешто повеќе од час и пол игра, а со двете убедливи партии покажа дека е подготвен за напад и на трофејот во Париз.
Во најголем број од гемовите, Федерер го остави ривалот на нула и во секој од трите сета направи брејк во вистински момент по што рутиснки ги решаваше во своја корист. Негов противник во третото коло ќе биде Норвежанецот Каспер Руд кој го елиминира 29. носител, Матео Беретини со 6:4, 7:5, 6:3.
Проблеми немаше ниту Рафаел Надал во мечот со германскиот квалификант, Јаник Маден. Шпанскиот тенисер триумфира со 6:1, 6:2, 6:4 и во наредната рунда ќе го има првиот сериозен испит на Ролан Гарос во Белгиецот Даниел Гофан.
Ролан Гарос, 2 коло
Мажи
Надал (2., Шпанија) – Маден (Германија) 6:1, 6:2, 6:4
Федерер (3., Швајцарија) – Оте (Германија) 6:4, 6:3, 6:4
Циципас (6., Грција) – Делиен (Боливија) 4:6, 6:0, 6:3, 7:5
Нишикори (7., Јапонија) – Цонга (Франција) 4:6, 6:4, 6:4, 6:4
Димитров (Бугарија) – Чилиќ (11., Хрватска) 6:7, 6:4, 4:6, 7:6, 6:3
Моте (Франција) – Пелја (19., Аргентина) 6:3, 6:1, 2:6, 7:5
Карењо Буста (Шпанија) – Де Минаур (21., Австралија) 6:3, 6:1, 6:1
Вавринка (24., Швајцарија) – Гарин (Чиле) 6:1, 6:4, 6:0
Гофан (27., Белгија) – Кецмановиќ (Србија) 6:2, 6:4, 6:3
Руд (Норвешка) – Беретини (29., Италија) 6:4, 7:5, 6:3
Ѓере (31., Србија) – Попирин (Австралија) 6:4, 7:6, 6:4
Жени
Ка. Плишкова (2., Чешка) – Кучова (Чешка) 6:2, 6:2
Кузмова (Чешка) – Бертенс (4., Холандија) 3:1 – Бертенс го предаде мечот
Стивенс (7., САД) – Сорибес Тормо (Шпанија) 6:1, 7:6
Свитолина (9., Украина) – Козлова (Украина) – Козлова се откажа
Севастова (12., Летонија) – Минела (Луксембург) 6:2, 6:4
Мугуруза (19., Шпанија) – Ларсон (Шведска) 6:4, 6:1
Мертенс (20., Белгија) – Пари (Франција) 6:1, 6:3
Векиќ (23., Хрватска) – Петерсон (Шведска) 1:6,0 6:1, 6:2
Конта (26., В. Британија) – Дејвис (САД) 6:3, 1:6, 6:3
Мартиќ (31., Хрватска) – Младеновиќ (Франција) 6:2, 6:1