Владимир Георгиевски е назначен за нов генерален секретар на Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ), Тодор Гечевски, пак, е именуван за нов спортски директор. Ова се одлуки од првиот состанок на Управниот одбор на КФСМ по нејзиното преземање на Перо Антиќ.
Владимир Георгиевски доаѓа на местото на Моника Гавриловска додека Гечевски на позицијата го наследува Владимир Темелковски, функции што ги извршуваа во мандатот на Петар Наумоски.
Кошаркарската федерација од денеска има и нов комесар за натпревари. Тоа е Лазар Гечевски, а раководењето со младинските лиги му е доверено на Томче Дишлиев. Во наредниот период се очекува формирање и на нов Стручен совет по што ќе следуваат и поставувања на селектори во младинските категории пришто не е исклучена ниту можноста и сениорскиот национален тим да добие нов кормилар.