НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Браво Бесир: Тинејџер со европско злато во борење и со сон за олимписко

0
By Нова ТВ on June 26, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот спорт има нов херој. Не само во моментот туку и во перспектива. Сè уште не е полнолетен, а веќе е европски шампион. Младиот член на боречкиот клуб „Лирија“ (Слобода) од Скопје се врати со златен медал од континенталното првенство во кадетска конкуренција во Фиренца. Во негова чест се организира дочек на граничниот премин Табановце, но и на платото пред споменикот на Скендербег.

Алили во Фиренца оствари четири победи. Походот по златното одличје го почна со убедлив триумф (10:0) против Полјакот Оскар Кулчицки во квалификациите во категоријата до 48 килограми. Во четврт-финалето го елиминира Андреј Витан од Молдавија со 12:10, во полуфиналето славеше над Лука Гугешашвили од Грузија со 6:2, а во борбата за титула и над Ерменецот Харутјун Ховханисјан со 7:6.

Младиот борач доби честитки од сите страни. Од спортската и севкупна јавност, од колегите борачи, од политичкиот врв во земјата која повторно се обедини по нецел месец од втората титулата на ракометарите на Вардар во Лигата на шампиони. Ги заслужи до една како поттик за уште понапорно темпо на работа во иднина и за жетва на медали на меѓународната сцена, за обединување на мултиетничкото општество, на подарената причина за горделивост на сограѓаните и, на крајот на краиштата, за амбасадорската мисија што совршено ја заокружи.

Ден по враќањето од Италија, Алили го мина по приеми. По гостувањето на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, тој ја прифати покана и ги посети градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на Агeнцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски кој најави дека на петочната седница на Советот на институцијата со која раководи ќе предложи парична награда од еден милиони денари за златниот тинејџер и неговиот тренер.

Владата, пак, на Република Северна Македонија на 141. седница донесе одлука да додели еден милион денари (околу 16.000 евра) за Бесир Алили и 300.000 денари (околу 5.000 евра) за неговиот тренер за постигнатиот успех на шампионатот во Италија. Но, тоа не беше и единствен усвоен предлог за парична награда на „Илинденска“ ББ. За новата, втора, освоена титула во ракометната Лига на шампиони, потврдена е најавената награда за Вардар од 30 милиони денари (околу 500.000 евра).

Бесир Алили Борење ЕП 2019 злато У17 Фиренца
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.