НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Груевски во исто време беше и премиер и министер и уредник и претседател на суд

0
By Нова ТВ on June 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците ги разрешија министрите за финансии Драган Тевдовски, Хазби Лика и Сујхел Фазлиу.За разрешувања на  министрите гласаа 64 пратеници.  Пратениците од ВМРО ДПМНЕ не гласаа.

На финишот од дебата пратеникот Владимир Ѓорчев го бранеше министерот за финансии Тевдовски кој на предлог на Заев е разрешен. Ѓорчев кажа дека иако не се согласувал со политиката која ја водел Тевдовски – за зголемување на даноците, тој бил чесен политичар.

„Најмалку 10 – 15 други министри требаше да ја напуштат Владата, а вас реконструкцијата ви се сведе на смена на Тевдовски. Од вас Заев се очекуваше веднаш по изборите да излезете со план за смена на министрите, а не јавноста да чека два месеци .

Тевдовски ли е виновен што нема капитални иневстици – што има само 6 проценти реализација на капитални инвестици во некои министерства? Да не требаше Тевдовски да им ги пишува проектите? Каде се министрите за странски инвестици? Никој не им ги знае ни имињата. Кафиња пијат секој ден на улица Македонија, кажа Ѓорчев.

За Заев, оставката и начинот на кој ја соопштил заменик министерот за образование Петар Атанасов е доказ дека има слобода во државата и е потег кој не можел да се замисли во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

„Тоа што Бранимир Јовановиќ си замина и кажува зошто си заминува е доказ дека има слобода – секој може да се каже што сака. Вие Ѓорчев бевте сменети од Извршниот комитет на партијата зашто не гласавте за амнестијата, ако се сеќавам.

Не заборавајте дека вашиот лидер Груевски беше и премиер и министер и уредник во сите медиуми, беше и градоначалник на Скопје и на Центар, тој беше и претседател на Кривичниот суд, на сите судови“, рече Заев.

За писмото што 250 културни уметници го испратија до премиерот да не се менува директорот на МКЦ, Заев рече дека е испратено на погрешна адреса, затоа што директорот на МКЦ не го бира Владата, туку Град Скопје.

За утре е закажано продолжението на седницата на која пратениците ќе дебатираат за изборот на новите министри. Премиерот Заев за нови членови на неговиот Кабинет ги предложи, Горан Милевски – за локална самоуправа, Насер Нуредини за прв човек во министерството за екологија, Трајко Димковски кој ќе биде одговорен за ресорот земјоделство, Садула Дураки како предводник на новото министерство за политички систем и Хусни Исмаили  кој треба да го преземе ресорот култура.

Заев реконструкција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.