Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Редица инциденти во Косово

0
By Борјан Јовановски on January 21, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 21, 2013 10:45

Непознати лица фрлиле молотови коктели врз зградата на општината во Косовска Митровица, при што е направена мала материјална штета на зградата на општината.

Група Албанци во Ѓаковица пак се обиделе да нападнат Манастир на успение на пресвета Богородица, а осквернавени биле и православни гробишта во Клокот.
 
Инцидентот во Косовска Митровица се случил во неделата вечера околу 20.40 часот. 
 
Претседателот на општината на Косовска Митровица, Крстимир Пантиќ за агенцијата Танјуг изјави дека инцидентот се случил во присуство на војниците на КФОР, кои се повлекле откако граѓаните почнале да се собираат.
 
Пантиќ прецизираше дека четири возила на КФОР, по инцидентите се повлекла во јужниот дел на Митровица, наведувајќи дека зградата од утрово ја обезбедуваат припадници на цивилната заштита.
 
Зградата на општината на Косовска Митровица, која се наоѓа во мултиетничката населба Три солитери, не е прв пат мета на напаѓачот.
 
Претходно на оваа зграда е пукано со огнено оружје, а била каменувана.
 
Во центарот на Ѓаковица, група Албанци протестираа поради отстранувањето на споменикот на припадниците на ОВПМБ во Прешево, а дел од нив се обидел да го нападне Манастирот успение на пресвета Богородица.
 
Како што изјавил Ѓокица Станоевиќ, претседател на општината Ѓаковица за Танјуг, Албанците се собрале во недела околу 20 часот, а нападот на манастирот го спречила полицијата и меѓународните сили за безбедност.
 
Според Станоевиќ, дел од насобраните Албанци тргнаа кон манастирот во кој се наоѓаат четири монахињи, но во обидот за напад ги спречиле силите на косовската полиција и припадниците на КФОР, пренесува Макфакс.
 
„Манастирот сега го обезбедуваат силите за безбедност на косовската полиција и КФОР и надвор и внатре“ вели Станоевиќ.
 
На српските православни гробишта во селото Клокот, кај Косовската Витина срушени биле 27 надгробни споменици, јави косовското радио.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.