Српскиот фудбалски првак ремизира без голови на гостувањето во Литванија кај екипата на Судува во првиот меч од воведното квалификациско коло за Лигата на шампиони. „Црвено-белите“ имаа неколку добри прилики во првото полувреме против дефанзивно ориентираните домаќини кои, пак, возвратија со две во вториот дел, но мрежите во Маријамполи останаа мирни. Реваншот е за седум дена на стадионот „Рајко Митиќ“ на кој белграѓани ќе имаа нова прилика за потврдување на фаворитската улога во двомечот.
Сараево одлично влезе во натпреварот со Селтик на домашен терен. Претставникот на БиХ поведе по пола часа игра, но радоста кратко траеше. Пет минути подоцна гостите од Шкотска израмнија и со уште два гола во вториот дел забележаа триумф со 3:1 за формален реванш наредната недела на „Селтик парк“. Крсте Велкоски беше стартер во „бордо“ тимот и одигра цел натпревар.
Освен мечот на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево (поранешно „Кошево“), четири гола вечерва на уште две средби. Диделанж и Валета одиграа 2:2 во Луксембург, резултат што беше конечен и во Велс по мечот меѓу домашниот ТНС и косовски Фероникели.
Квалификации за Лига на шампиони
1 коло, први мечеви
Номе Калју (Естонија) – Шкендија (С. Македонија) 0:1
Судува (Литванија) – Црвена звезда (Србија) 0:0
Сараево (БиХ) – Селтик (Шкотска) 1:3
ТНС (Велс) – Фероникели (Косово) 2:2
Диделанж (Луксембург) – Валета (Малта) 2:2
Хелсинки (Финска) – ХБ Торшавн (Фарски Острови) 3:0
Арарат Ереван (Ерменија) – АИК Стокхолм (Шведска) 2:1
Астана (Казахстан) – Клуж (Романија) 1:0
Среда
Партизани (Албанија) – Карабаг (Азербејџан)
БАТЕ Борисов (Белорусија) – Пјаст Гливице (Полска)
Шериф Тираспол (Молдавија) – Сабуртало Тбилиси (Грузија)
Ференцварош (Унгарија) – Лудогорец (Бугарија)
Слован Братислава (Словачка) – Сутјеска (Црна Гора)
Дандалк (Р. Ирска) – Рига (Летонија)
Линфилд (С. Ирска) – Розенборг (Норвешка)
Валур (Исланд) – Марибор (Словенија)