НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев од Мечкин Камен: Концептот за едно општество е наследство од Крушевскиот манифест

0
By Нова ТВ on August 2, 2019 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илинден е повик за обединување, а делбите не се патриотизам, порача денеска премиерот Зоран Заев кој зборуваше на централната прослава на Денот на републиката 2 август на Мечкин Камен.

„Химната и Републиката се заедничкото на Илинденците од двата Илиндена. Хероите од нашата химна, Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански, како и оние од НОБ, опеани во партизанските песни, се бореа за Републиката. И првите Илинденци и вторите, се бореа за иднината, а не за минатото, затоа и ние денеска, сите заедно, сме деца на Илинден“ рече  Заев.

 

Како што рече Заев, првиот Илинден е симбол на заедничката борба за слободна и автономна Македонија, а вториот на победата над фашизмот. Затоа, Мечкин Камен не треба да биде камен на сопнување, туку камен-темелник на помирување, заедништво и разбирање.

-Не треба да чекаме повеќе, време е да стануваме и да се биеме, сами ние Македонците да се бориме за земјата. Нема подобар начин да им се оддолжиме на нашите херои, освен со продолжување на нивните храбри дела, оживотворени во Крушевскиот манифест и решенијата на АСНОМ, рече Заев.

Продолжуваме, рече, да го негуваме концептот на едно општество и на заедништво, како наследство од Манифестот кое ги повикува соседите и пријателите на подобрар живот.

„Продолжуваме со политиките на надминување на поделбите. Сите ние, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми, …., сметаме дека е патриотска должност да се обединиме и помириме внатре.

Продолжуваме да го негуваме концептот на едно општество за сите од Крушевскиот манифест, продолжуваме со политиките за надминување на поделбите. Патриотска должност е да се обединиме и помириме внатре. Се обединивме со соседите и со евроатланското семејство, затоа велам Илинден е повик за обединување, делбите не се патриотизам“, рече Заев.

Пред неговото обраќање на Мечкин Камен беше интонирана државната химна, во изведба на оперскиот пејач Влатко Груевски.

На чествувањето присуствуваат и амбасадори и други високи меѓународни претставници, воени аташеа, претставници на политички партии, претставници од Мисијата на НАТО, граѓани, гости од речиси сите градови на државата.

По повод 116 годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република утрово бројни делегации положија цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево. Цвеќе положија делегација од Кабинетот на претседателот на државата, делегација од Собранието, како и од Владата, делегација од Општина Крушево предводена од градоначалникот, делегација од Сојузот на борците на Македонија,… Почит беше оддаден и пред споменикот на загинатите Илинденци кај месноста Слива над Крушево.

Се одржа и панихида за загинатите Илинденци во црквата Свети Никола во центарот на Крушево.

 

 

Заев Мечкин Камен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.