Младиот германски тенисер, Александар Зверев смета дека го има најсилниот бекхенд на АТП турот. Петтиот рекер на АТП листата, која оваа година се мачи во потрагата по ланската форма, со ваков (не)скромен став се истакна во разговор за „Тенис Магазин“ за време на подготовките за Ју-Ес опен.
„Форхендот ми е силно, најефикасно, оружје кога играм добро. И сигурно го имам најсилниот бекхенд на АТП турот иако на Ѓоковиќ е малку постабилен“, порача Зверев.
Тој смета дека, сепак, е смирен без разлика на коментарите во јавноста за неговите променливи изданија во 2019 година, а го истакна и татко му за кого вели дека има голема, важна, улога во неговата кариера.
„Тој е личност што најдобро ме познава, секогаш е крај мене и сакам така да остане. Со останатите тренери дели исто размислување во врска со елементите во кои треба и можам да напредувам. Понекогаш имаат различни ставови, но важно е дека се согласуваат“, додаде освојувачот на завршниот Мастерс турнир за 2018 година во Лондон по триумдот над Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:3.
Зверев моментно е во Канада каде се подготвува за претстојниот Роџерс Куп во Монтреал и, секако, за последниот гренслем во сезоната, Ју-Ес опен на кој најголем успех досега му е третото коло.