НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има ли живот како на Земјата?: Откриена планета што може да е достапна за човекот (Видео)

0
By Нова ТВ on August 3, 2019 СВЕТ
Фото: space.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вест со возбудувачка содржина од НАСА. Лоцирана е „блиска“ планета наречена „Суперземја“ на која можеби има услови за живот каков што го знаеме. Во системот е заведена со кодно име „ГД 357 Д“ која е пронајдена од меѓународна група на астрономи кои ја забележаа на хоризонтот со помош на телескопот „ТЕСС“.

Од податоците што засега се достапни за јавност е дека се наоѓа во соѕвездието Хидра и од Земјата е оддалечена 31 светлосна година (единица за растојание со која се означува оддалеченоста што слетлината ја минува за една астрономска или сончева година или 6 трилиони милји, односно, 10 трилиони километри). Претпоставките се дека е двојно поголема од нашата планета и според изгледот на обвивката, научниците веруваат дека би можело да има вода на нејзината површина.

„Доколку планетата има густа атмосфера што треба да се утврди со идните истражувања, тоа може да доведе до акумулација на доволно топлина за загревање и за присуство на вода“, се вели во изјавата на Дијана Косаковски, истражувач во Институтот за астрономија „Макс Планк“ во Хајделберг, Германија.

„ТЕСС“ залови уште два „света“ во близина на „Суперземја“. Едниот се води како „ГД 357 Б“ или „Жешка земја“ и орбитрира 11 пати поблиску до својата ѕвезда домаќин одошто Меркур до Сонцето и се верува дека е температура на површината од 490 Фаренхајтови степени или 254 степени Целзиусови.

„Но, шоуто го украде соседната планета „ГД 357 Д“. Набљудувањата покажуваа дека за 55,7 дена орбитрира околу својата ѕвезда на една петтина од оддалеченоста меѓу Земјата и Сонцето што, исто така, наведува на помисла дека може да има живот“, се вели во соопштението на Универзитетот Корнел во САД.

„Ги изградивме и првите модели како би можел да изгледа животот во тој нов свет. Само да се потврди дека би можело да има вода на нејзината површина, тоа би било мотив за научниците да најдат начини за откривање на знаци на живот“, вели Џек Мајден, кандидат за доктор на Универзитетот Корнел и коавтор на студијата.

Другата планета во соседството е заведена како „ГД 357 Ц“, од Земјата е помасивна за 3,4 пати и веројатно има површина со температура од 260 Фаренхајти или 127 Целзиусови степени, нагласија претставници на НАСА и изразија уверување дека наскоро ќе може да се бараат знаци на живот на „ГД 357 Д“ со други телескопи.

„Суперземја“ вода живот Земја НАСА планета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.