НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов масакр во САД во нецели 24 часа: Најмалку 10 убиени и 16 повредени во пукање во Охајо

0
By Нова ТВ on August 4, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десет лица се убиени, а најмалку 16 повредени во масовно пукање во Дејтон, Охајо, потврди полицијата. Maсакрот овојпат се случи пред бар и доаѓа по нецели 24 часа од трагичниот настан во Ел Пасо, Тексас каде загинаа најмалку 20 лица.

Напаѓачот во Ел Пасо уби 20 луѓe во трговски центар

„Имавме полицајци во непосредна близина кога започна пукањето и можевме брзо да реагирам“, соопштија од полицискиот оддел Дејтон во твитот.

Напаѓот е убиен. Неговиот идентитет не се открива ниту кои биле мотивите за нападот.

На снимките објавени на социјалните медиуми се гледа како луѓе трчаат додека десетици истрели одекнуваат низ улиците.

Хронологија на масакри во САД

Во САД за неколку часа се случија два масакри во кои вкупно загинаа околу 30 луѓе, а повредени се десетици.

Во еден часот по полноќ по локално време во американскиот град Дејтон се случи вооружен инцидент во кој загинаа најмалку 10 луѓе. Според американските медиуми се уште не е познат точниот број на повредени лица.

Инцидентот се случи само неколку часа откако во Ел Пасо 21-годишно момче уби 20 и повреди 26 луѓе откако отвори оган во продавница на „Волмарт“.

Според „Ју-Ес-Еј Тудеј“ (USA Today) маскрот во Ел Пасо е 250 пукотница што се случила во САД.

6 ноември, 2017 година: Во напад врз баптистичката црква во градот Садерленд Спрингс во Тексас убиени се 26 лица, а 20 повредени.

1 октомври, 2017 година: Стивен Педок уби 58 лица за време на концерт во Лас Вегас. Во нападот беа повредени 500 лица. Напаѓачот се самоуби при полицискиот упад во хотелската соба од која пукаше врз посетителите на концертот.

12 јуни, 2016 година: Омар Матин уби 49 посетители на геј клуб во градот Орландо во Флорида. Матин беше убиен во престрелка со полицијата.

25 февруари, 2016 година: Седрик Форд уби три лица, а рани 14 во компанијата за одржување на тревници каде што работел во градот Хестон во Канзас.

20 февруари, 2016 година: Шест лица беа убиени во градот Каламазу, во сојузната држава Мичиген. Жртвите беа убиени во станбена зграда, во продавница на автомобили и во ресторан. Адвокатите на осомничениот убиец Џејсон Далтон најавија дека ќе го бранат како душевно пореметена, непресметлива личност.

2 декември, 2015 година: Напаѓачите Сајед Ризван Фарук и неговата сопруга Тафшин Малик убија 14 лица, а повредија 20 во центар за социјална помош во Сан Бернардино, Калифорнија. Двајцата напаѓачи беа убиени во престрелка со полицијата.

1 октомври, 2015 година: Десет студенти и професори беа убиени на колеџот Умпка во Роузбург во сојузната држава Орегон, од страна на студент, кој потоа и самиот беше убиен од полицијата.

17 јуни, 2015 година: Дилан Руф уби девет лица во методистичка црква во Чарлстон.

23 мај, 2014 година: Студент уби шест лица, а 13 беа ранети при напад врз универзитетот Санта Барбара во Калифорнија. Тој по нападот се самоуби.

16 септември, 2013 година: Компјутерскиот техничар Арон Алексис уби 12 лица во зграда на американската воена морнарица

14 декември, 2012 година: Во основното училиште Сенди Хук во Њутаун во сојузната држава Конектикат убиени се 20 деца и шест учители. Напаѓачот боледувал од депресија.

27 септември, 2012 година: Отпуштен работник во компанијата Аксент во Минеаполис убил шест поранешни колеги, по што се самоубил.

20 јули, 2012 година: Маж со нарушено психичко здравје уби 12 лица, а повреди 70 во кино сала во градот Аурора во Колорадо, за време на премиерата на новиот Бетмен филм

Дејтон пукање Тексас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.