Монако би можел да има идентична сезона во француската Лига 1 како претходната ако се суди според премиерата. Тимот од Кнежевството загуби на „Луј Втори“ од Олимпик Лион со 0:3 за немир кај навивачите дека можеби ќе треперат за опстанокот до финишот на првенството.
Гостите беа доминантни во текот на сите 90. минути и без проблеми ги понесоа трите бода на пат кон „Жерлан“. Муса Дембеле реализира во 5. минута, Мемфис Депај во 36. минута, а точка на триумфот на Олимпик Л. стави Лукас Тузар во 80. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=oROIZDWTFfI
Монако од 30. минута играше без Сеск Фабрегас кој доби црвен картон за удирање на противничкиот фудбалер Лео Доби без топка.
Лига 1, 1 коло
Монако – Олимпик Лион 0:3
Сабота
Олимпик Марсеј – Ремс (17.30 ч.)
Брест – Тулуз (20 ч.)
Ница – Амиен (20 ч.)
Монпелје – Рен (20 ч.)
Дижон – Сент Етјен (20 ч.)
Анжер – Бордо (20 ч.)
Недела
Лил – Нант (15 ч.)
Стразбур – Мец (17 ч.)
ПСЖ – Ним (21 ч.)