Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ноќна мора за Челзи и за Лампард на „Олд Трафорд“: Манчестер Ј. ги „помодри“ „сините“ (Видео)

0
By Нова ТВ on August 11, 2019 СПОРТ
Фото: france24.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 11, 2019 22:44

Менаџерското деби на Франк Лампард на клупата на Челзи се претвори во кошмар на „Олд Трафорд“. Манчестер јунајтед славеше со 4:0 во дерби пресметката на воведното премиерлигашко коло во новата сезона и испрати силна порака дека максимално ќе казнува од секоја укажана прилика без разлика дали ќе доминира во статистичките категории или не.

Тоа беше случај и против „сините“ од „Стемфорд Бриџ“ кои беа нешто поофанзивни, имаа поголем посед на топка, упатија повеќе закани кон Де Хеа, ги погодија и рамки на противничкиот гол, но радост не дочекаа на „Театарот на соништата“. Првата казна за промашувањата дојде во 18. минута од пенал пришто сигурен егзекутор беше Маркус Рашфорд.

https://www.youtube.com/watch?v=BjdiRrHikZI

Антони Марсијал во 65. минута зголеми на 2:0, а минута подоцна по вторпат во листата на стрелци се додаде Рашфорд. Четвртиот гол за „црвените ѓаволи“ беше дело на дебитантот Даниел Џејмс кој на најдобар можен начин му возврати на Оле Гунар Солскјер во 81. минута за дадената шанса против Челзи.

Во останатите два неделни меча од првата рунда, Арсенал со 1:0 славеше на гостувањето кај Њукасл додека Лестер и Вулверхемптон одиграа без голови на стадионот „Кинг Пауер“.

Премиерлига, 1 коло

Недела

Лестер – Вулверхемптон 0:0

Њукасл – Арсенал 0:1

Манчестер јунајтед – Челзи 4:0

Сабота

Вест Хем – Манчестер сити 0:5

Борнмут – Шефилд јунајтед 1:1

Барнли – Саутемптон 3:0

Кристал палас – Евертон 0:0

Вотфорд – Брајтон 0:3

Тотенхем – Астон Вила 3:1

Петок

Ливерпул – Норич 4:1

Манчестер Јунајтед Премиерлига Франк Лампард фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.