НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шангајската листа без македонски универзитет: Харвард и натаму водечки во светот

0
By Нова ТВ on August 15, 2019 СВЕТ
Фото: diarystore.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Харвард и годинава ја предводи листата на најдобри универзитети во светот, позната како Шангајска листа. По него следуваат Стенфорд, Кембриџ, МИТ, Беркли, Принстон, Оксфорд, Колумбија, Калифорнискиот институт за технологија и Универзитетот во Чикаго, кој е на десетата позиција. Првите десет позиции се речиси непроменети во однос на претходните години.

Што се однесува на регионот, годинава најдобро рангирани се Универзитетот во Загреб и Универзитетот во Белград, кои се најдоа во групата меѓу 401 и 500 место. Универзитетот во Љубљана е во групата меѓу 501 и 600 место, а Универзитетот во Нови Сад, како и минатата година е во групата меѓу 901 и 1000 место. И оваа година на листата нема македонски Универзитет, а ниту Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора немаат свој претставник меѓу илјадата најдобри високообразовни институции во светот. Универзитетот во Атина е меѓу 300 и 400 место, а во Софија меѓу 900 и 1000 позиција.

Шангајската листа што секоја година ја објавува универзитетот Циао Тонг од Шангај е една од највлијателните листи која ги рангира најдобрите универзитети во светот. Тоа е неформална листа, но работа на престиж е да се биде на тој список, бидејќи опфаќа само два отсто од светските универзитети.

Клучни критериуми за рангирање на универзитетите, меѓу другото, се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија, бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму, бројот на научни трудови објавени во списанијата Сајнс и Нејч, како и цитираност на истражувачите.

образование универзитети Шангајска листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.