НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Јанева не чувствува вина, се надева на судење за да се расчисти случајот „Рекет“

0
By Соња Петрушевска on August 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната обвинителка Катица Јанева во изјавата по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, рече дека била повикана како сведок. Таа го напушти обвинителството придружувана од адвокатот Стеван Павлески кој беше со неа на распитот. За Јанева не е спорно што повикала адвокат со неа и Павлески бил нејзин правен консултант.

Јанева рече дека не чувствува вина и дека очекува во текот на судскиот процес да се расчисти случајот „Рекет“. Потврди дека и се одземени два мобили телефони кои ги користела, кои сега се на анализа, но негираше дека биле форматирани, односно дека се избришани податоците од нив. Јанева додаде дека имала и трет телефон и тој е изгубен.

Одби да одговори на прашањата поврзани со „Рекет“ – дали е нејзин гласот на објавените снимки, дали знае каде е Орце Камчев, дали знае каде се парите и дали има инволвирани политичари во случајот. На сите овие прашања рече дека се работи за истрага и во оваа фаза од постапката не се откриваат детали. Обвинителката Русковска ќе одлучи дали истрагата ќе се прошири и со специјалната јавна обвинителка, рече Јанева на прашањето дали и таа ќе биде меѓу осомничените.

Во врска со изјавата на обвинителката Лиле Стефанова во која таа ја обвини Јанева дека барала Орце Камчев и другите осомничени во „Империја“ и осомничените и предметот „Поштенска банка“ да бидат ослободени со тоа што ќе платат оштета, Јанева само кажа дека „за тоа има време кога ќе се објасни“.

Адвокатот Павлески кој стоеше зад Јанева неколку пати и посочи дека таа не е на распит за да одговара на сите новинарски прашања.

Досега во Обвинителството искази дадоа тројца обвинители од СЈО, Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и  Бурим Рустеми. Вчера на распит беше донесен второосмничениот Зоран Милески, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Катица Јанева и Лиле Стефанова беа спомнати во аудио снимките  и видеата што ги објави  италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Јанева во трето продолжение на Ла Верита: Лиле не може ништо без мене

ВИДЕО Јанева во Обвинителството за „Рекет“: Со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.