НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев најави тужба за клевета: Ни јас ни високите функционери не сме вмешани во „Рекет“

0
By Нова ТВ on August 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш отфрли секаква негова вмешаност, како и инволвираност на високи функционери во случајот „Рекет“.

Заев, кој денеска е во Прилеп за пуштањето во употреба на еко-автобусите во градскиот превоз, одговарајќи на новинарско прашање да го коментира објавеното во некои медиуми каде во записник наводно од исказот на Орце Камчев во Обвинителството о врска со „Рекет“, се споменуваат тој и високи државни функционери дека ги предупредувале осомничените во случајот, според Заев е лага и манипулација.

Заев најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој се споменува.

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано. Второ, секако дека ќе тужиме, зашто тоа не е точно. Неколку пати, јас отфрлав каква било поврзаност со Боки 13, Бојан Јованоски, врзана со случајот „Рекет“ и до ден-денеска стојам на тие ставови. Апсолутно е обврска на Обвинителството да објави јавно дали тоа така е кажано. Како што видов рано изутрината објавена е само една страница од записникот, а потоа се прераскажува, што претставува сериозна манипулација. Секогаш сакам да ги охрабрам новинарите да истражуваат, да доловат сѐ што е важно за јавноста, но да прават манипулации, за тоа има одговорност. Јас лично, а верувам заедно со мене Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Фросина Ременски, сите што сме споменати. Ќе ги повикам заедно со мене да поднесат тужба за клевета и таму да ги отвориме документите и на јавноста да ѝ докажеме дека лаже новинарот кој го лиферува ваквиот запис, рече Заев.

На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.

– Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори. Тоа е предизвик сите да покажеме како држава дали знаеме да се справуваме со вакви девијантни, криминални појави кои ни се случуваат во општеството. Вакви случаи има секаде во светот, прашањето е како државата се справува со нив преку сите повикани иституции, изјави Заев.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска претпладне реагираше на објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, истакнувајќи дека „со протекување ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката“, и најавија дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.

Вчера некои портали објавија документ со исказот на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството за случајот „Рекет“ и за тоа како течела комуникацијата со осомничените.

Заев Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.