Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Плејоф за ЛШ: Ц. Звезда и Динамо З. во фудбалскиот рај на УЕФА (Видео)

0
By Нова ТВ on August 27, 2019 СПОРТ
Фото: zurnal.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 27, 2019 23:26

Црвена звезда и Динамо Загреб ќе играат во групната фаза во Лигата на шампиони во сезоната 2019/20. Белградските „црвено-бели“ во плејоф двомечот го елиминираа Јанг Бојс со два нерешени исхода, но повеќе постигнати голови во гости. Српскиот првак вечерва на стадионот „Рајко Митиќ“ одигра 1:1 со ривалот од Берн и продолжува во елитното клупско друштво на УЕФА благодарение на ремито 2:2 во првиот меч во Швајцарија.

Алекса Вукановиќ во 59. минута погоди за водство на Црвена звезда, Јанг Бојс израмни во 82. минута со автоголот на Бен. За белграѓани ова беше осми меч во квалификациите за ЛШ летово, откако во претходните рунди ги мина Судува (Литванија), Хелсинки (Финска) и Копехнаген (Данска) за второ учество во низа во групите на најпрестижното клупско фудбалско натпреварување на стариот континент.

https://www.youtube.com/watch?v=29p2eeeuEb4

Дел од групите на шампионската Лига на УЕФА наесен ќе биде и тимот на Динамо Загреб кој во плејофот беше подобар од Розенборг. По триумфот со 2:0 на „Максимир“, хрватскиот првак вечерва одигра 1:1 во Трондхајм и си осигура место во ждрепката за ЛШ во четврток. Норвешкиот состав поведе во 11. минута со голот на Давид Акинтола, израмнувачкиот беше дело на Амер Гојак во 71. минута. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, стандардно, одигра цел меч за Динамо Загреб.

Динамо Загреб, покрај Розенборг, на патот до групната фаза ги елиминира и грузиски Сабуртало Тбилиси и унгарски Ференцварош.

https://www.youtube.com/watch?v=EqSPhrD0mxM

Како учесник во групната фаза во ЛШ вечерва се најави и Олимпијакос. По победата на домашен терен со 4:0, грчката екипа славеше над Краснодар и на гостувањето во Русија со 2:1. Последните три екипи во ЛШ ќе бидат познати во среда по одигрување на реваншите Ајакс – АПОЕЛ, Бриж – ЛАСК Линц и Славија Прага – Клуж.

Плејоф за Лига на шампиони, реванши

Црвена звезда – Јанг Бојс 1:1 (2:2)

Розенборг – Динамо Загреб 1:1 (0:2)

Краснодар – Олимпијакос 1:2 (0:4)

Среда

Ајакс – АПОЕЛ (0:0)

Бриж – ЛАСК Линц (1:0)

Славија Прага – Клуж (1:0)

Во заграда се резултати од првите мечеви

Динамо Загреб Лига на шампиони плејоф фудбал Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.