Барселона е победник на 13. издание на Светското клупско првенство во ракомет што во изминатите неколку дена се одржа во Дамам, Саудиска Арабија. Каталонците во финалето го поразија Кил со 34:32 (полувреме 15:17) за рекордна петта титула на турнирот по 2013 година, 2014 година, 2017 година и 2018 година вредносен чек на 400.000 долари.
Централна фигура на средбата беше хрватскиот репрезентативец и поранешен вардарец, Лука Циндриќ кој постигна 11 гола од кои седум во првото полувреме.
Третото место му припадна на тимот на Вардар кој, покрај бронзениот медал, од Саудиска Арабија се враќа и со парична награда од 150.000 долари. Актуелниот европски првак во малото финале ја совлада домашната екипа на Ал Вехда со 30:26 (полувреме 16:16) и го повтори пласманот од дебитантскиот настап на „Супер Глоуб“ од 2017 година. Најефикасен играч на натпреварот беше Хрватот Иван Чупиќ, стрелец на седум погодоци, а признанието МВП го понесе Даинис Криштопанс.