НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врачена државната награда „8 Септември“ во областа на спортот

0
By Нова ТВ on September 8, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Борачот Томе Коцев, спортскиот лекар Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и легендата на ФК Вардар, Кочо Димитровски, се добитници на државната награда „8 Септември“ во областа на спортот. Наградата им беше врачена во Собранието на Република Северна Македонија. Николовски службено беше отсутен, а наградата ја прими неговиот син.

Наградата за животно дело во спортот ја доби претседателот на Карате федерацијата, Драган Стојановски.

Претседателот на Одборот за наградата „8 Септември“, проф.д-р Ленче Алексовска Величковска рече дека наградата им се доделува на тие кои биле најдобри во изминатите години и кои оставиле историски белег.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски истакна дека на овој празник на нашата држава – 8 септември, голема е честа да се стои покрај овие големи имиња, кои во минатото ги направија горди своите граѓани и својата држава.

„Годинашните добитници на наградата со тоа што го сторија и сè уште го прават за својата земја ја заслужија честа да бидат тие кои на најмладите генерации спортисти, тие кои на европските и светските борилишта треба да го бранат македонскиот дигнитет, ќе им го пренесат чувството на вредност на спортскиот пиедестал во насока на промоција на својата земја“, потенцира Каевски.

Им порача на најмладите, идните репрезентативци дека Агенцијата за млади и спорт (АМС) ќе ги поддржи сите млади талентирани спортисти, но ќе даде поддршка и на останатите спортски работници кои се тука секогаш да им го пренесат знаењето и искуството на најмладите, бидејќи, како што рече, заедно обединети можеме да чекориме кон вистинските европски вредности за афирмација на Република Северна Македонија.

На врачувањето на наградите присуствуваа претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, професори, претседатели на Спортски федерации, спортисти, тренери, итн.

8 септември Македонија награда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.