На маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН) во Њујорк, во вторник, на 24 септември, според грчките медиуми, е предвидена средба на меѓу премиерите на С. Македонија и на Грција, Зоран Заев со Кирјакос Мицотакис. Ова ќе биде прва нивна средба по промената на власта во Грција во јули оваа година.
Кирјакос Мицотакис утре заминува за Њујорк, каде што ќе присуствува на 74. Генерално собрание на ОН, а освен со премиерот Заев, според информациите од Атина, предвидено е да оствари билатерални средби и со претседателот на САД, Доналд Трамп и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателите на Србија, Косово, Кипар, Грузија и Колумбија и со премиерите на Албанија, Австралија, Индија и Ерменија, но и со Генералниот секретар на ОН.
Во петок на 27 септември грчкиот премиер ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН.
Во грчката делегација што ја предводи премиерот на земјата, се и министерот за надворешни работи Никос Дендиас, заменикот министер под премиерот и владин портпарол Стелиос Пецас, заменикот МНР надлежен за економска дипломатија, Костас Франкојанис и заменикот МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис.