Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен: Уставниот суд нема надлежност да поништува одлуки на Судот

0
By Нова ТВ on September 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2019 15:56

Со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата, се наведува во издвоените мислења на Уставниот суд за одлуката за поништување на решенија на Основниот кривичен и на Апелацискиот суд Скопје за парични казни на адвокатите во постапката на предметот за настаните од 27 април, соопшти поладнево Кривичниот суд.

-Основниот кривичен суд Скопје со исклучителен респект кон Уставниот суд на РСМ како орган и кон одлуките кои овој суд ги носи, има за потреба да ја извести јавноста дека неможе да се согласи со одлуката У.бр. 57/2019 со која се утврдува поништување на решенијата, но во целост ќе ја почитува.

Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека истата содржи и издвоени мислења на одредни уставни судии на кои мислења се приклучува, се наведува во соопштението на Кривичен.

Појаснуваат дека со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд , Уставниот суд на РСМ постапува како инстанционен суд, а, додаваат, таква надлежност нема, односно Уставниот суд на РСМ нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови.

Судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска на 16 октомври ги казни со по илјада евра и ги отстрани од судницата сите адвокати на обвинетите за настаните во Собранието од 27 април.

Адвокатите беа санкционирани откако бурно реагираа на условите во кои се одвивал распитот на загрозениот сведок С1 во старата зграда на Кривичниот суд каде што беше префрлен поради технички пречки во новиот објект на судот.

Казнетите адвокати  се жалеа и изгубија пред Апелација, па поднесоа иницијатива пред Уставниот суд, кој вчера оцени дека „на адвокатите им било повредено уставното право на слобода на мислата и на јавното изразување на мислата“.

27 април: Адвокатите на обвинетите казнети и отстранети од судницата

кацарска Кривичен Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.