Вечерва се комплетира второто коло во фудбалската Лига на шампиони, а светската спортска јавност и натаму е окупирана со синоќешниот дебакл на Тотенхем во дуелот со Баерн. Баварците славеа со 7:2 во Лондон во еден од најневеројатните мечеви во историјата на УЕФА елитата.
Седумте гола што германскиот шампион ги „спакува“ зад грбот на Уго Лори одекнаа низ светот додека солидарност со францускиот интернационалец стигна од неговиот колега со ракавици, Мануел Ноер.
„Што да се каже по ова? – Жал ми е за Уго Лори. Беше немоќен и прими и седум гола дома. Тоа е горчливо искуство“, рече Ноер.
Баерн Минхен е лидер на табелата по две одиграни кола во групата Б и во наредното ќе гостува кај Олимпијакос. Тотенхем, пак, повторно ќе игра во Лондон против Црвена звезда.