Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години со пораз ги почна настапите на турнирот во Полска за пласман во елитната рунда квалификации за Европското првенство. Домашната селекција славеше над избраниците на Горан Станковски со 3:2 во меч од првото коло во кое Белгија го декласира Лихтенштајн со 12:0.
„Црвено-жолтите“ поведоа преку Филип Ѓорѓиоски во 19. минута, вториот гол беше дело на членот на Домжале, Емир Саитовски во завршницата на натпреварот. Филип Балцевич во 29. минута, Патрик Кустал во 63. минута и Кацпер Козловски во 70. минута беа стрелци за полскиот тим.
Нареден ривал на македонските млади фудбалери ќе биде Белгија на 12 октомври по што ќе следува и дуелот со Лихтенштајн во последното трето коло. Место во Елитната рунда на квалификации ќе има за најдобрите два тима од секоја група плус четири најдобро третопласирани репрезентации.