Тајфунот во Јапонија сериозно се заканува за одржување на трката за ГН на Јапонија во Формула 1 шампионатот. Поради неговата сила, организаторот го помести квалификациите за утре и се закажани на неколку часа пред главниот настан на патеката „Сузука“, доколку, се разбора, го дозволат тоа временските прилики.
Светските медуми јавуваат за обилни врнежи од дожд во Јапонија и ветришта што достигнуваат брзина и до 110 км/ч. што создаваат проблеми и за домаќинот и за пилотите. Временската прогноза за Јапонија е слична и за утрешниот ден што ја доведува во прашање трката.