Стефанос Циципас е втор полуфиналист на завршниот Мастерс во Лондон. Грчкиот тенисер ја оствари и втората победа во групата А, овојпат над Германецот Александар Зверев со убедливи 6:3, 6:2 во меч што траеше 75 минути.
Циципас во двата сета против Зверев беше подобар ривал. Во првиот направи брејк при водство со 4:3 што го потврди во наредниот на сопствен сервис, а во вториот освои два за неочекувано лесен триумф над ривалот од Германија.
Во вториот меч од второто коло во групата А, Надал го порази Данил Медведев со 6:7, 6:3, 7:6.
Дел од големата четворка во Лондон е Доминик Тим кој е со максимален ефект во групата Б по два одиграни меча. Австриецот на стартот на турнирот го совлада Роџер Федерер со 7:5, 7:5, а потоа и Новак Ѓоковиќ со 6:7, 6:3, 7:6. Швајцарскиот и српскиот тенисер низ меѓусебен дуел во третото коло ќе ревашаат за вториот патник од Б конкуренцијата во полуфинале.