НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кидашели: Русија е со „вперен пиштол“ кон Грузија

0
By Нова ТВ on December 1, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руското влијание, аспирациите кон НАТО и Европската Унија (ЕУ), случувањата по недобивањето датум за преговори на Северна Македонија со Унијата, подготвеноста за сајбер-напади, се дел од прашањата на кои одговараше Тинатин Кидашели, поранешната прва жена министер за одбрана на Грузија, во интервју за МИА.

Грузија во 1991 години се отцепи од СССР и прогласи независност по што постсоветската држава страда од граѓански конфликти и економска криза. Во 2003 година, по Револуцијата на розите, земјата продолжи со прозападната надворешна политика насочувајќи се кон НАТО и европските интеграции. Се воведоа низа демократски и економски реформи што доведоа до зацврстување на државните институции.

Сепак, западната ориентација на земјата водеше кон влошување на односите со Русија што во 2008 година кулминира со кратка војна поради територијален спор меѓу двете земји. Целите на Грузија и по една деценија сè уште се насочени кон Северноатлантската алијанса и ЕУ, а тоа придонесува за зголемено руско влијание со кое земјата тешко се справува.

Како поранешна советска република, што е западно ориентирана, како се справувате со руското влијание?

Да се каже дека има влијание е навистина е мал збор. За да се разбере што всушност се случува, треба да се посочи дека Русија на некој начин е „со вперен пиштол“ кон Грузија. Секако тоа ги прави работите многу комплицирани. Од една страна имаме окупација на територијата, имаме вознемирање на нашите граѓани, дневно имаме притисок од страна на Русија во меѓународните организации врз Грузија во однос на нашите меѓународни односи и кога станува збор за нашите односи со НАТО и ЕУ постојано се соочуваме со фактот дека „има слон во продавницата за кристал“ и тоа им пречи на нашите односи. Сега, членството на Северна Македонија во НАТО остава впечеток дека принципот на отворени врати во НАТО функционира, односно дека не ги затвора перспективите за нас.

Нашата земја не доби датум за преговори за членство во Европската Унија. Се појавија тези дека француското „не“ ќе го зголеми руското влијание во Западен Балкан. Кое е вашето мислење за тоа?

Она што сега и се случува на Северна Македонија, сметаме дека отвара можности за другите актери, особено за Русија да биде поактивна во регионот. Однесувањето на Париз и помага на Москва во ширењето на нејзиното влијание и тоа би морало да се ревидира.

Во врска со сајбер-нападите воопшто, но и оние кои доаѓаат од Русија, како Грузија се справува со тоа?

За жал, ние сме многу слаби. Пред околу две недели бевме сведоци на најголемиот сајбер-напад на Грузија. Речиси сите владини веб-страни и владини институции беа блокирани, за жал ние не работиме дури ни со минимални водичи во тој однос. На пример по војната во 2008 година, дополнителната територија на нашата држава беше окупирана, бевме изложени на огромен сајбер-напад и тогаш беше донесена одлука сите сервери што се однесуваат на владините структури да се префрлат на безбедно место. Тогаш и Американците и Европејците ни помагаа многу за да се заштитиме, но при последниот напад дознавме дека и веб-страната на претседателот, односно на претседателскиот-кабинет била на некој слободен сервер. Значи, она што можеме да ви го кажеме е како да не работите кога санува збор за сајбер-нападите.

Поради ситуацијата со Русија, дали уживате поддршка од САД?

Со сигурност може да се каже, без никакви резерви, дека САД се најголем партнер и најголем пријатели што ја гарантираат безбедноста на Грузија. За среќа, тоа не се менува со промената на раководството во Белата куќа или во Конгресот. Имаме двопартиска поддршка од страна на американската администација. На тој начин можеме да кажеме дека до моментот сме безбедни. Но, она што влијае на состојбата не се директно грузиско-американските односи туку генералните гео-политички случувања. На пример тоа што се случува со НАТО директно влијае на нас, доколку НАТО е послаб ќе има влијание на нашата безбедност, односно послаб НАТО ќе ја засили Русија и тоа секако не би ни одговарало. Имено, секогаш кога американскиот претседател ќе направи некаков договор со Русија, тоа нас не прави послаби или поранливи без разлика на безусловната поддршка што Грузија ја ужива од САД. И најпроблематично е перцепцијата, на пример ако почнете да верувате дека американските избори биле хакирани од Русите, тогаш што очекувате грузиските гласачи и граѓани да мислат за себе и за својата иднина. Доколку и самата тврдина е ранлива, тогаш почнувате да се сомневате и во вашиот систем и во вашите вредности.

Колку често учествувате во воени вежби и операции што ги спроведува НАТО?

Учествуваме постојано. Секој јули имаме големи воени вежби што се случуват во Грузија. Всушност, две вежби, едната е во мај, што ги вклучува грузиските и американските сили, се нарекува „Благородни партнери“ и се случува секоја година и во јуни имаме воени вежби со НАТО кои се мултилатерални и се отворени за другите земји. На пример оваа година имавме 16 земји кои учествуваа. И учествуваме на различни воени вежби што ги организира НАТО и со тоа може да се каже дека сме целосно интегрирани. И од таа гледна точка, може да се каже дека на еден начин Грузија му припаѓа на НАТО, во однос на военото крило, иако го немаме политичкиот мандат. Учествуваме и во операциите на НАТО, на пример во Авганистан минатата година Грузија беше втора земја по број на жители по трупи што ги имаше испратено во Авганистан, по САД, без разлика што не сме членка на НАТО.

Колку сте напредни во размената на безбедносни информации со другите земји?

По ова прашање работиме на билатерален принцип, бидејќи не сме членки на НАТО или ЕУ, не сме дел од системот за заедничка заштита на податоци затоа одиме на билатерални договори. Имаме билатерални договори со најголем дел од земјите членки на ЕУ, што е всушност го дава истиот тип на заштита, меѓутоа е комплициран начинот на работа. Поради влијанието на терористичките мрежи во нашиот регион и позицијата на Грузија, постоеше голем интерес за воспоставување на тој вид соработки – размена на информации и воспоставување на билатерални договори.

Грузија ЕУ интервју НАТО Русија Тинатин Кидашели
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.