НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставен суд му заврте грб на Митко Чавков

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту еден од деветте уставни судии не застана зад иницијативата за поведување амнестија за „крвавиот четврток“ во парламентот на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков. Тој моментно се наоѓа во затворот во Штип каде издржува казна од 18 години за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот во Собранието на 27 април во 2017 година. Со иницијативата тој сакал да ја оспори амнестијата на дел од обвинетите која не важеше за него.

Уште на почеток судијата-известител Владимир Стојановски кажа дека не може Уставниот суд да му кажува на Собранието, кое е надлежно да донесе закон за амнестија дали да амнестира.

„Уставниот суд не може да се стави на местото на Собранието на Македонија. Собранието има право за кој може, а за кој не може да има амнестија. Уставното овластување на Собранието е негово право да го определи видот и степенот на кој се однесува амнестијата“, рече уставниот судија, Владимир Стојановски по однос на претставката Чавков кој ги спори членовите 1 и 2 од Законот за амнестија и со поднесокот смета дека се повредени член 8 и член 9 од Уставот на Македонија.

Чавков ја поднел иницијативата затоа што смета дека за исти кривични дела, според него, била селективно применета амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година.

Судијата Осман Кадриу, пак, рече дека подносителот е лишен од едно уставно право, односно, е лишен од слобода.

Фото: aktuale.mk

„Дали во овој случај законот содржи дискриминација? – Подносителот тврди дека не бил еднаков третманот на посочениот настан кој е познат како „крвавиот четврток“. Амнестијата е акт на милост. Токму амнестијата е во надлежност само на Парламентот, а другите правни норми како помилување и аболиција се во надлежност на шефот на државата. Амнестијата се дава со закон кој го донесува Парламентот и не се дава на лица со име и презиме, туку групно и за конкретни кривични дела“, рече Кадриу.

Од 33. обвинети за „крвавиот четврток“, 15-тина беа амнестирани, меѓу нив и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието за да влезат насилниците. Амнестијата опфати и други обвинети или осудени лица во помали судски предмети околу настаните на 27 април. За „крвавиот четврток“ беа изречени вкупно 211 години затвор.

амнестија Иницијатива Митко Чавков Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.