НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илиев: Ако Кривичен суд не ја поништи аболицијата, хаосот ќе продолжи

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 ВЕСТИ
Фото: alsat-m.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наум Котевски

Без оглед што, според проценките во политичките кругови, Собранието е на добар пат да донесе автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување, како потврда дека експретседателот Ѓорге Иванов немал законска основа топтан да аболира 57 лица осомничени за тешки кривични дела, тоа нема да значи крај на хаосот и правните последици поврзани со предметите на СЈО за поранешната корумпирана политичка елита.

Правни екпсерти за Нова ТВ појаснуваат дека евентуалната политичка одлука, па било таа да биде донесена и со широк партиски консензус, со оглед на тоа дека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека нема да прават опструкции, никако не може да биде сфатена како конечна разврска на драматичниот упад во правниот и демократски поредок на државата што го направи Иванов. Тоа, велат може да претставува одредена насока, која Уставниот суд во никој случај не е обврзан да ја следи. Уставните судии на денешната седница одлучија да го одложат гласањето за нацрт-решението за одлучување за помилувањата, откако на 27 ноември решија да поведат постапка за оценување на уставноста на член 11а врз основа на кој претседателот на државата може да повлече одлука за аболиција. Ќе чекаат најпрвин што ќе рече Собранието.

Автентичното толкување денеска во Законодавно правната комисија

Процедурата во парламентот требаше да започне попладнево во Законодавно правната комисија, откако вчера Владата го усвои мислењето на Министерството за правда за прифаќање на иницијативата за автентично толкување. Комисијата прво треба да одлучи дали ќе ја прифати иницијативата и, доколку ја прифати, тогаш треба да испрати предлог за автентично толкување кое ќе се најде на гласање на пленарна седница, најверојатно на 11 декември.

„Уставниот суд одлучи да ја чека одлуката на Собранието, но тоа ништо не значи во поглед на конечната одлука на уставните судии. Тенденцијата во моментов, барем таков е впечатокот, е да воскреснат помилувањата и да се спасат обвинетите и осомничените функционери од претходната власт, но останува да видиме која ќе биде конечната одлука на Уставниот суд“, вели за Нова ТВ поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев.

Иванов во 2016 година фрли канта бензин врз огнот што гореше во земјава и на тој начин ја вовлече земјава во целосен хаос и блискост до вонредна состојба. Илиев тврди дека тој ја злоупотребил својата должност и дека за тоа морало кривично да одговара. Ден по помилувањата, Хелсиншкиот комитет поднесе јавна кривична пријава со која објаснуваше дека Иванов направил злоупотреби. Ставот и одлуките за помилување претседателот ги донел без законски основ со оглед на фактот што член 11 од Законот за помилување на кој тој се повикува, е укинат и не е составен дел на правниот поредок, рекоа тогаш од Хелсиншки комитет. Но, јавната кривична пријава не допре до ушите на обвинителите во тоа време. Па не е отворен предмет ниту по допрен глас. Така е се до денеска.

Фото: fokus.mk

Кој го амнестира амнесторот?

„Главното прашање е кој го амнестира оној кој си дозволи да амнестира десетици лица без никаква постапка надвор од законската процедура. Без оглед што ќе се случи деновиве, помилувањата на Иванов се реалност и допрва ќе ги гледаме правните последици од тоа. Одбраната постојано ќе се повикува на тој акт и според најавите добар дел од случаите ќе завршат и во судот во Стразбур, кој со право може да се праша зошто толку години чекавте и на автентично толкување на спорниот член 11 од Законот за помилување. Според мое мислење, Кривичниот суд е тој кој има овластувања да ја поништи одлуката на Иванов како законски недопуштен правен акт. Само на тој начин таа одлука повеќе нема да постои во правниот поредок. Иванов во случајов се третира како господ, наместо да се утврди мотивот зошто тоа го направил кој може да оди од примање соодветна награда, до свесна намера за предизвикување хаос и нарушување на уставниот и правниот поредок на државата“, коментира Илиев.

Со барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, пратениците од владејачката СДСМ сакаат да го спречат Уставниот суд во можноста да ги „воскресне“ помилувањата на Иванов. Меѓутоа, во содржината на Иницијативата не се бара толкување дали спорниот член 11 постои или не, туку се бара пратениците да разјаснат под кои околности е оправдано претседателот да даде помилување според ваквата законска одредба.

Фото: 24.mk

„Претседателот по исклучок може да дава помилувања и без спроведување на постапката за помилување пропишана со овој закон кога е тоа од интерес за државата, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека тоа е оправдано“, гласи членот 11 од Законот за помилување.

Повикувајќи се на ваквата содржина, во барањето, потпишано од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски, е наведено дека „автентичното толкување треба да ја разјасни примената на членот 11 од Законот, односно типот на околностите кои го прават оправдано давањето помилувања без спроведување на законски пропишана постапка“. Содржината е ваква, како што брифираат од власта, за иницијативата да не биде отфрлена од самиот старт од процедурални причини и да може да се најде на дневен ред пред пратениците и тогаш, всушност, да се констатира дека членот 11 од Законот за помилување од 1993 година воопшто не постои.

Дане Илиев Ѓорѓе Иванов Закон за помилувања Член 11
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.