Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тортевски: Расправата за поништената аболиција во Уставен е нарачка и е кривично дело

0
By Соња Трајковска on November 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 29, 2019 13:06

Уставниот суд одлучи на дневен ред да ја стави иницијативата за утврдување на уставноста на член 11-а од Законот за помилување од 2016 година, кој предвидува Претседателот да може да ја повлече дадената аболиција.

Со иницијативата се тврди дека не може да се отповика еднаш дадената амнестија.

Со ова Уставниот суд одново ги врати сомнежи дека се прави обид со аболицијата на екс претседателот Ѓорге Иванов  од 2016 година, да „паднат“ сите случаи на СЈО против поранешната власт и од кривичен прогон да се спасат сите обвинети и осомничени во овие случаи.

Адвокатот Александар Тортевски за НОВА вели дека ова е обид на уставните судии да ги спасат од кривичен прогон обвинетите и осомничените за злоупотреби.

Тој вели дека ова е нарачка, а ако е нарачка е и кривично дело, па полушеговито додава дека доколку уставните судии донесат ваква одлука треба да одат во затвор.

Но, од друга страна, ако се зборува за тоа дали воопшто аболиција може да биде поништена, Тортевски од правнички аспект вели дека таа е како правосилна пресуда и како таков акт не постои можност за поништување. Односно, тој вели дека таа можела да биде поништена, доколку против Иванов се покренеше кривична постапка за кривично дело злоупотреба.

Ваквиот став, според Тортевски е важечки секаде во светот, и токму врз основа на ова двајцата бегалци Горан Груејевски и Никола Бошкоски не беа екстрадирани во земјава, бидејќи Врховниот суд на Грција одлучи дека еднаш дадената аболица не може да се поништи.

Проблематична аболиција

Уште кога беше донесна одлуката на Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници на 12 април 2016 година, експертите гласно укажува дека таа е незаконска. Се повикуваа на тоа дека во 2009 година членот 11 кој предвидува аболиција е избришан овој член, а се додадени 4 дела кои не може да бидат предмет на аболиција. Иако Уставниот суд потоа по иницијатива од охридски адвокатги укина сите измени и дополнувања од 2009, според експертите тоа не значи и враќање на состојбата од 1993 година, односно враќање во важност на членот 11.

Праксата на која тогаш се повикуваа експертите беше дека еднаш избришана одредба не може да ја врати Уставниот суд во поредок, туку единствено кое може е Собранието. А тоа не се случи.

По три години од случувањата, Тортевски за НОВА објаснува дека аболицијата е спорна и од аспект на тоа како е направена. Аболицијата се однесува на поединечни предмети за конкретно лице. Иванов кога аболицираше немаше конкретни кривични дела и описи. На пример стоеше дека Груевски се аболицира за делото злоупотреба по член  353, а негде имаше број, негде дело, но никаде немаше опис, вели Тортевски за НОВА.

Но дури по силниот домашен и меѓународен притисок (САД, Германија, ЕУ), на 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите само за политичарите, а подоцна, на 6 јуни беа повлечени сите аболиции.

Аболирани од страна на Претседателот беа: поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на УБК и началникот на петта управа Сашо Мијалков и Горан Грујоски, шефот на кабинетот и генералниот секретар на Владата Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, лидерот на СДСМ Зоран Заев, ексразузнавачот Зоран Верушевски или вкупно 56 лица од кои рекордер по бројот на помилувања беше поранешниот министер Јанакиески чие име се спомнуваше во 16 одлуки.

Делумна аболиција: Кој за што беше помилуван од Иванов?

Уставниот суд во октомври 2016 ја стави на дневен ред иницијативата за уставноста на аболицијата на Иванов, но судиите тогаш оценија дека одредбите се надвор од правниот поредок и не можат да бидат предмет на оценување на уставноста.

-Во овој случај, имајќи ги предвид наведените уставни и деловнички права и, пред сè, фактот што оспорените одредби по поднесувањето на иницијативата престанале да важат, и со самото тоа веќе не се дел од правниот поредок, цениме дека не постојат процесни претпоставки за нивно оценување, односно не можат да бидат предмет на оценување на уставноста пред овој Суд, рече тогаш судијката известител Гзиме Старова.

Неуспешен импичмент и почеток на Шарената револуција

По ова, тогашната опозиција со поддршка од ДУИ  поднесе предлог за импичмент на Иванов, поради злоупотреба на положбата и овластувањата и пречекорување на надлежностите-кршење на повеќе членови од Уставот, членот 8 став 1 алинеја 3 и 4, принципите на владеење на правото и поделба на власта од членот 9, членот 68 став 1 алинеја 1 и 8, членот 84 и членот 106.

Идеите за импичмент: Колку пати Иванов го зовре огнот на кризата

Но, по неколкудневна расправа и во собраниската комисија и на пленарна седница, мнозинството пратеници одлучија дека Иванов со групната аболиција не го прекршил Уставот и не треба да се бара одговорност од него.

Аболицијата на Иванов всушност се смета за почеток на Шарената револуција со што започна падот на режимот на Груевски.

Протестите кои подоцна го добија името Шарена револуција поради користењето бои кои се фрлаа врз државните институции во знак на револт од тогашната власт, започнаа пред Народната канцеларија на Претседателот во центарот на Скопје.

СДСМ побара автентично толкување од Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го примил барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување што го поднесе пратеничката група на СДСМ, a за тоа кога за него ќе расправа Законодавно правната комисија и Собранието ќе се знае по редовната понеделничка координација на спикерот со првите луѓе на пратеничките групи.

Одлуката на уставните судии дали ќе се укине членот 11-а од Законот за помилување ќе биде позната за еден месец. Уставниот суд го сочинуваат девет судии и одлуките се носат со просто мнозинство. Одлуката за ставање на дневен ред на расправа на иницијативата на последната седница на Уставниот суд е донесена со пет гласа „за“ и 4 „против’.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.