НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камчева: Јанева се фалеше со нејзината моќ

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според денешното сведочење на Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев, второобвинетата во случајот „Рекет“, Катица Јанева во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 побарала повлекување на гаранцијата од над 14 милиони евра во замена на мерката притвор во куќен притвор.

„Ми рече ако излезе нешто од муабетот, ќе знае дека е од мене, зашто имала апсолутна доверба во Бојан и во Зоран Милески. Рече дека може да отвори и други предмети за мојот сопруг. Се фалеше со нејзината моќ“, рече Камчева.

Поранешната специјална обвинителка го исполнила даденото ветување и предложила замена на мерката притвор со куќен притвор што било прифатено од судијата на претходна постапка. Камчева во сведочењето рече дека не била присутна кога нејзиниот сопруг му дал милион евра на Бојан Јовановски. Рече го информирала сопругот дека ќе го пријави случајот.

Се сретнала и со директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски на кого му навестила дека ќе пријави оти е жртва на рекет.

„Ме праша зошто немам доверба во институциите, му набројав со кого сè е близок, меѓу кои и со министерот за внатрешни работи“, кажа Камчева во сведочењето.

На бизнисменот Орце Камчев, обвинет во случајот „Империја“, му барале осум милиони евра за да го снема предметот, сведочеше денеска неговата сопруга, Ана Камчева, во Основниот суд Скопје, како сведок во случајот „Рекет“, во кој поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева е обвинета за изнудување на пари од осомничените.

На последното рочиште, што се одржа на 6 декември, сведочеше Јордан Камчев, кој во повеќе наврати рече дека обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари. Но, бизнисменот притоа откри и други лица и сподели многу информации.

Ден подоцна (7 декември) во јавноста беа споделени нови аудио записи преку Јутјуб за кои Јавното Обвинителство најави истрага.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева. Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

Ана Камчева Рекет сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.