Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Ременски: Од Обвинителството очекувам да ја запре постапката против мене

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: balkaninsight.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 17, 2019 18:36

Пратеничката Фросина Ременски по денешното давање исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „Меѓународен сојуз“ рече дека добила решение за завршување на истрагата против неа и очекува запирање на постапката.

„Денеска дадовме одговори и појаснувања за прашања што можеби биле причина за отворање на истрагата. Секако ги расчистивме сите прашања кои во тој контекст како дилема на Јавното обвинителство. Сметаме дека врз основа и на исказите и врз основа на прибраните докази, Јавното Обвинителство ќе цени да ја запре постапката кон мене во овој случај, рече Ременски.

Таа потврди дека добила решение за завршена истрага кон неа и дека ќе ги искористат сите законски права до конечната одлука на Јавното обвинителство.

https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2804246616273241

Ременски по исказот во Обвинителството кажа дека јавноста треба да се позанимава со дејствијата на поранешниот директор на УБК, Горан Николовски за тоа што преземал по службена должност околу пријавите од фамилијата Камчеви.

„Која е улогата на поранешниот директор на УБК, Горан Николовски во делот на пријавувањето на дејствијата од семејството Камчеви? – Што преземал како службени дејствија? – Дали ако нешто презел, ќе си дозволеа министерот за внатрешни работи и премиерот во март месец да присуствуваат на прославата на телевизијата и да даваат видео честитка“, рече Ременски и додаде дали е можеби тоа прашање за некаква корупција имајќи предвид дека е потстанар кај адвокатот на семејството Камчеви.

Очекував, истакна Ременски, овие сериозни прашања да бидат повеќе истражени од медиумите и на јавноста да и биде појасно за што се работи.

„Кога професор по безбедност ќе стане таргет на параполициски структури, кога ќе стане таргет во една разузнавачко и параполициска ситуација и кога ќе се најде во ваков апсурд пред надлежните институции да се правда за нешто дали сторил или не, додека на сите останати на кои професорката им го открила криминалот ќе се трудат тој воопшто да не биде дознаен во јавноста“, рече Ременски.

Ременски вчера по излегувањето од Обвинителството, каде вршеше увид на доказниот материјал, рече дека видела сè, освен докази. Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

На распит кај обвинителката Вилма Рускоска вчера во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“ беше и потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ.

Овој дел на истрагата што Обвинителството ја отвори на 9 октомври против пет лица, се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули во 2017 година до април во 2018 година, првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

Во овој случај осомничени се и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, и неговата асистентка Христина Блажевска.

„Меѓународен сојуз“ докази исказ истрага Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.