НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исмаили: Коректен говор на Пендаровски

0
By Нова ТВ on December 18, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Говорот на претседателот Стево Пендаровски беше коректен, изјави Реџаил Исмаили од ДУИ. Притоа посочи две работи што ги истакна претседателот Пендаровски – Законот за јазиците и за судството.

„Се повика на извештајот на Венецијанската комисија и ние како држава треба да градиме капацитети за спроведување на тој закон. Вие знаете како новинари дека е формирана Агенцијата за спроведување на законот, исто така пред еден месец го формиравме со закон и Инспекторатот за спроведување на истиот закон, така што да дозволиме и да создадеме услови за тие две институции да почнат да се градат со јаки капацитети и да почнат да работа, дури тогаш ќе видиме како се спроведува Законот за јазиците“, рече Исмаили.

Упати апел до првите луѓе на сите институции во државата да ги бараат и да градат капацитети во нивните институции за да се спроведе Законот за јазиците.

„Не случајно ние рековме и претходно дека имаме селективно судство затоа што немаше градени можеби со децении добри капацитети за да имаме добро судство. Затоа во државата ни треба да се градат капацитети за да се спроведат законите“, изјави Исмаили.

Околу застапеноста на етничките заедници кај претседателот на државата, Исмаили рече дека тие му укажале дека тој однос треба да биде рамноправен на тоа што ја отсликува нашата држава.

„Не зборуваме за индивидуи, туку за проценти кои се неопходни бидејќи се уставна категорија и тој процент на претставени Албанци кај претседателот на државата треба да биде максимум 25 отсто“, изјави Исмаили.

Ние како ДУИ, подвлече Исмаили, познаваме само сојузи со државите што во изминатите три децении од нашето осамостојување ни пружиле помош во најлошите моменти. Како такви ги подвлече со САД и со ЕУ.

„Нашата цел е зачленување што побрзо во НАТО и во ЕУ, други сојузи освен овие што ги истакнав ние не познаваме. Во врска со комшиите ние секогаш се залагаме тој однос да биде фер и да биде во рамките на реципроцитет и пружање рака на соработка со нив“, изјави пратеникот Реџаил Исмаили.

ДУИ обраќање Реџаил Исмаили став Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.