НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алатките на влијание на Русија во регионот на Западен Балкан

0
By Нова ТВ on December 22, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 17 јануари 2019 година, Владимир Путин оствари историска посета на Белград. Восхитена толпа од стотина илјади луѓе од целата земја ги наполнија улиците веејќи бело-сино-црвени знамиња на Руската Федерација и Србија. Домаќините го пречекаа својот ценет гостин со артилериски поздрав. Воодушевувањето на толпата ескалира кога Путин и претседателот Александар Вучиќ се упатија кон Свети Сава, најголемата православна црква на Балканот, чија изградба беше завршена благодарение на донација од Русија. Само неколку недели пред одбележување на 20-годишнината од интервенцијата на НАТО во Косово, пречекот на Путин кој доликува на херој ги потенцира одличните врски помеѓу двете земји. Вучиќ зборуваше со рускиот претседател за своите планови за поделба на Косово.

Од посетата произлезе договор за вклучување на Србија во проектот „Турски тек“, гасовод изграден за транспорт на руски природен гас преку Југоисточна Европа, заобиколувајќи ја Украина. Неколку недели подоцна, Белград требаше да добие четири авиони МИГ-29 од рускиот сојузник Белорусија, покрај борбените авиони што ги донира Москва. За Путин, посетата на Белград претставуваше дипломатски триумф. Таа не ја покажа само цврстината на српско-руското партнерство, туку и влијанието на Москва низ целиот Балкан, и пошироко во европските прашања.

Упадот на Русија во Југоисточна Европа ја разгорува перцепцијата на регионот како бојно поле на големите сили. Списокот на заинтересирани страни ја вклучува Турција, која е сè почесто „на нож“ со САД и нивните сојузници во НАТО, Кина, чија економска моќ е во раст; и можеби монархиите од Персискиот Залив, кои исто така навлегуваат во регионот.

Од сите нив, Русија претставува најголем предизвик за Западот. За разлика од другите надворешни играчи, Москва сесрдно ја прифати улогата на „расипувач“ кој работи против западните интереси. Москва жестоко се противи на влегувањето на земјите од поранешна Југославија во НАТО и не пријател на Европската Унија, иако нејзиниот став во однос на проширувањето на ЕУ останува двосмислен.

Русија е исто така единствена во однос на дијапазонот на средства кои е подготвена да ги употреби за постигнување на својата цел. Тие вклучуваат тврда воена сила, економски инструменти – особено во однос на енергетскиот сектор, елементи од кои аналитичарите ги дефинираат како „остра моќ“ (на пр. дезинформации и упади), како и степен на културолошка привлечност или „мека моќ“ вкоренет во заедничката религија и историја со голем број јужнословенски народи. Иако заостанува значително зад ЕУ и НАТО, Русија се покажа како исклучително влијателен играч.

Оваа студија започнува со анализа на местото кое Западен Балкан го има во стратегијата на Русија. Главниот аргумент е дека најважната цел на Москва е да ја одржува рамнотежата на моќта со НАТО и ЕУ наместо да воспостави регионална хегемонија.

Понатаму студијата ќе се фокусира на алатките и инструментите кои Русија ги користи како адути за да ги одбрани своите интереси во поранешна Југославија и Југоисточна Европа во целина, за на крај да даде неколку препораки за тоа како Западот да одговори на предизвикот на Русија.

Стратешките интереси на Русија во Западен Балкан 

Надворешната политика на Русија има три главни меѓусебно поврзани цели. Прво, вклученост во надворешниот свет како начин за зачувување на домашната стабилност, која пред сè се сфаќа како стабилност на режимот. Владејачката елита, во најголем дел составена од поранешни членови на безбедносните служби, гледа на глобалната политика како на извор на закани и можности истовремено. Кремљ гледа на Западот – САД и нивните европски сојузници – со голем сомнеж. Постои верување дека САД промовираат промена на режим – во пост-советските држави, на Средниот Исток или во самата Руска Федерација. Така, одбраната на татковината од надворешното влијание започнува надвор од нејзините граници.

Втората цел, која произлегува од првата, е да се обезбеди дека Русија ќе ја задржи контролата врз пост-советскиот регион. Тоа не значи истиснување на другите играчи, како што е Кина во Централна Азија или ЕУ во Источна Европа. Таков исход е далеку од дофатот на Русија. Сепак, Москва покажа дека е подготвена на сериозни чекори за да го заштити својот агол. Најдобар пример е припојувањето на Крим кон Русија и војната во источна Украина која следуваше, што ѝ даде предност на Москва во однос на Киев, но предизвика и значителни трошоци поради санкциите од Западот.

Последната цел се однесува на зачувувањето на статусот на Русија како голема сила во глобалните работи. Иако таа не е на исто рамниште ниту со актуелниот хегемон САД, ниту со Кина, која е во подем, Русија има на располагање огромен нуклеарен арсенал, столче во Советот за безбедност на ОН, и значителен дел од територијата на Евроазија. Русија на себе гледа како на еден од главните акционери во концернот на моќ, што потсетува на класичната европска дипломатија од 19-иот век.

Повеќеполарната визија, првично артикулирана од Јевгени Примаков за време на неговиот мандат како министер, а подоцна и премиер помеѓу 1996 година и 1998 година, диктира дека Русија треба да биде подготвена да држи рамнотежа и да се спротивставува на САД во соработка со други земји со цел да добие пофер зделка. На чело со Путин, Русија прави чекори кон остварување на таа визија. Од интервенцијата во Сирија во 2015 година, па сè до денес, постапките на Русија потврдуваат дека таа не е само регионална сила ограничена на пост-советскиот регион, како што администрацијата на Обама еднаш ја нарече.

Западен Балкан е составен дел од стратегијата на Русија да се постави себе си како првокласен играч во европските безбедносни работи, заедно со другите клучни држави како Германија, Франција и Обединетото Кралство. По војните во Југославија во 90-тите години од минатиот век, регионот е во центарот на дебатите за критични прашања како што се трансатлантските односи, безбедносната и одбранбената политика на ЕУ и проширувањето на НАТО/ЕУ.

Да се има сигурна позиција на Балканот значи да се има право на „глас“ за такви стратешки прашања, кои директно ја засегаат Русија. Москва е водена од геополитика, додека прашањата како што се економските интереси или историските врски со Јужните Словени или другите православни народи се од второстепено значење. Таа на Балканот гледа како на ранлива периферија на Европа каде Русија може да заземе позиција, да регрутира поддржувачи и конечно да добие предност во однос на Западот.

Нема сомнеж дека Југоисточна Европа не влегува во рамките на она што Русија го смета за повластена област од геополитички интерес. Од економски, социјален и чисто географски аспект, поранешните југословенски републики и Албанија гравитираат кон Запад. ЕУ е одговорна за најголемиот дел од трговијата во регионот и странските директни инвестиции (до 81,6 отсто од вкупниот удел во Северна Македонија и 77 отсто во Србија).

Унијата е исто така дом на значително големи заедници на имигранти од регионот, некои од кои датираат од 60-тите години на 20-от век.. НАТО доминира со безбедносниот пејзаж, со Албанија, Хрватска и Црна Гора веќе членки на алијансата, Северна Македонија на прагот, и Мисијата КФОР на НАТО како гарант на стабилноста во Косово. Нема реални изгледи дека овие земји некогаш би ги сметале структурите предводени од Русија, како што се Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) или Евроазиската економска унија (ЕЕУ) за привлечна алтернатива.

Единствената опција на Русија е да делува опструктивно за да ги поткопа ЕУ и НАТО, користејќи ги слабите точки на Балканот, независно дали преку спорови разгорени од национализмот наследен од 90-тите години, силна корупција и „заробување“ на државата, или недоверба на граѓаните во јавните институции.

Наместо да се обиде да го вовлече Западен Балкан во својата орбита, скап експеримент за нација чиј БДП е споредлив со оној на Шпанија, Русија бара позиција во регионот која ќе ѝ даде предност пред ЕУ и САД. Влијанието во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора или во која и да е друга земја е „кец во ракав“ во стратешкиот натпревар на Русија со западните сили.

Од перспектива на Москва, преку проектирањето моќ на Балканот, Русија му враќа на Западот „мило за драго“. Ако Европејците и Американците можат да се мешаат во нејзиниот двор – Молдавија, Украина, Грузија, или која било друго пост-советска држава, Русија има право да го прави истото во нивните.

Перцепцијата дека САД ја понижија Москва за време на Косовската криза во 1999 година е исто така во игра, оправдувајќи ја вклученоста во регионот како начин да се поправат грешките од минатото. Таканареченото враќање на Русија на Балканот, во голем дел на покана од националните власти, е одмазда кон Западот за неговата ароганција. На крај, активната вклученост во регионот ја подвлекува улогата на Русија во европската безбедност, особено за важни и политизирани прашања како што се проширувањето на НАТО, дијалогот помеѓу Србија и Косово, или состојбата во Босна и Херцеговина. Тоа ѝ го дава на Москва посакуваниот статус на најсупериорна сила, чии интереси и мрежи се протегаат низ целиот Стар континент и пошироко.

Русија знае да искористи оскудни ресурси за да добие максимална добивка (или „добро да одигра слаба рака“, како што Строб Талбот еднаш ја опиша стратегијата на Примаков), независно дали таквата добивка е дипломатска или комерцијална, или само потврда на статусот на Москва како незаменлив меѓународен актер. Исто така, она што на денешна Русија ѝ дава дополнителна предност е фактот што таа не е водена од каква било конкретна идеологија или нормативни аспирации.

Во таа смисла, денешна Русија се разликува од Советскиот Сојуз, каде комунистичката доктрина била тесно поврзана со политика, како и од Руската Империја пред 1917 година со нејзината неделивост од православието и автократијата. Русија има голем простор за маневар и преговара со различни актери на политичката сцена, во бизнисот и во граѓанското општество.

Покрај тоа, таа користи цел еден спектар на инструменти со кои располага – од принуда преку кооптирање до грубо мешање во работите на други држави, последниот од кои политичарите на Русија го сметаат за атрибут на големите сили.

Како се развиваше политиката на Русија во Западен Балкан

За да се разбере политиката на денешна Русија во Западен Балкан, важно е да се проследи нејзиниот развој низ годините наназад. Од почетокот на 90-тите години на минатиот век, присуството на Москва на Балканот се зголемува и намалува во зависност од нејзините односи со Западот. Историските врски и заедничкиот идентитет играат второстепена улога за нејзините стратешки определби. Москва дејствува и како партнер и како ривал на ЕУ и САД. Забележливи се три развојни фази на руската политика.

Фаза 1: Вклученост

Претседателството на Борис Јелцин (1991-2000) го одбележа војната во поранешна Југославија. Преку својата дипломатска вклученост во конфликтот, Русија се обиде да воспостави рамнотежа помеѓу своите интереси и оние на САД и НАТО и да се наметне како заслужна за безбедносниот поредок во Европа по Студената војна. Конечно, Москва се соочи со серија неуспеси, особено неуспехот да ја спречи интервенцијата во Косово предводена од Америка.

Фаза 2: Реорганизација и возобновување

Првите два мандата на Владимир Путин како претседател започнаа со реорганизација и потоа, кон средината на 2000 година, возобновување на московската балканска политика, која продолжи за време на мандатот на Медведев. Путин го надгледуваше повлекувањето на руските мировни сили од Косово и БиХ во 2003 година. Но, до половината на декадата, благодарение на преговорите за статусот на Косово и амбициозните енергетски потфати како што е гасоводот „Јужен тек“, Русија се врати на голема врата, јакнејќи ги врските со локалните актери и позиционирајќи се како соговорник за ЕУ и НАТО. Истовремено, Москва не се обидуваше да го блокира проширувањето на НАТО и не го оспори приклучувањето на Хрватска и Албанија кон алијансата во 2009 година.

Фаза 3: Конфронтација

Кризата во Украина во 2013-2014 и конфронтацијата меѓу Русија и Западот шторезултира беше почеток на третата фаза. Летото во 2014 година, проектот – гасовод „Јужен тек“ беше ефективно откажан бидејќи Европа повеќе немаше интерес во решавањето на долготрајниот правен спор помеѓу „Газпром“ и Европската комисија.

Русија возврати со мобилизирање на политички актери и граѓанското општество за да изврши притисок врз САД и ЕУ. Медиумите спонзорирани од Русија и про-руските медиуми ја засилија нивната анти-западна информативна кампања.

Лидерите како Александар Вучиќ, тогашен премиер, а сега претседател, и Милорад Додиќ, претседател на Република Српска во БиХ, се заветија да ги зачуваат своите стратешки врски со Русија. Во октомври во 2014 година, Владимир Путин доби кралски третман во Белград каде беше почесен гостин на воената парада во знак на одбележување на 70-годишнината од ослободувањето на главниот град на Југославија од нацистичката окупација. Србија ја засили својата безбедносна и одбранбена соработка со Русите дури и додека ги продлабочуваше врските со НАТО. Националистички групи од земјите на Западен Балкан испратија набљудувачи на референдумот за независност кој се спроведуваше во окупираниот од Русија Крим.

Во повеќе наврати се известуваше дека доброволци од Србија и други делови од поранешна Југославија се борат заедно со силите на самопрогласените народни републики Донецк и Луганск во Источна Украина.

Иако примарната цел на Русија да го спречи проширувањето на НАТО се покажа како голем залак, Москва успеа да освои некои дипломатски поени. Во 2014 година, заедно со (Северна) Македонија и БиХ, Србија одби да се приклучи кон западните санкции против Русија.

Дури и членките на НАТО и ЕУ од поранешна Југославија, како Хрватска и Словенија, беа ревносни да ја унапредат нивната економска соработка со Москва. Гасоводот „Турски тек“, намалена верзија на проектот „Јужен тек“ кој треба да минува низ Бугарија, Србија и Унгарија, ја врати привлечноста на руските инвестиции во регионот.

Накусо, Русија продолжува да користи економски иницијативи за да ги оствари своите цели заедно со другите форми на скриена или „остра“ моќ, како што е поддржување на радикални групи или информативни кампањи.

Студијта е направена за Центарот за извонредност за стратешки комуникации на НАТО

Автор: Д-р. Димитар Бечев, научен советник во Центарот за словенски, евроазиски и европски студии, Универзитет на северна Каролина

Извор: Ф2Н2

Алатки влијание Западен Балкан Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.