НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регистар на одземен имот: Банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

0
By Нова ТВ on December 26, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: kanal5.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регистарот на одземен имот, што како новина се воведува во државата и кој беше промовиран во Катастарот, заклучно со денеска, според доставените официјални податоци од деловните банки, се впишани 1.207 станови и дуќани и 278 парцели на земјоделско и градежно земјиште.

„Во соработка со правните субјекти кои располагаат со недвижности преземени во постапки при наплата на побарувања или по други основи, Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги прикажува овие податоци на својот портал со што ќе се постигне целта на едно место секој заинтересиран инвеститор или купувач на недвижен имот да добие точна информација за недвижниот имот, кој е расположив на продажба“, информира Борис Тунџев, директор на Катастарот.

Соработка во реализација на проектот досега има со 11 банки, а најголем дел од одземените недвижности што се наменети за продажба моментно доаѓаат од Комерцијална банка АД Скопје. Во втората фаза е предвидено вклучување на стечајните управници и извршителите, затоа што и тие се дел од постапките за располагање со имот.

Тунџев појасни дека Катастарот нема увид во цената по која банката ќе ја врши продажбата, ниту пак динамика за продажба на имотот. Тоа ќе го ажурираат комерцијалните банки, а продажбата ќе биде евидентирана во регистарот кога ќе биде реализирана. Од моментот на воспоставување или продажба на самата недвижност таа ќе биде тргната од регистарот.

„Во моментот кога ќе биде извршена трансакцијата за продажба на недвижниот имот, во истиот момент ќе биде тргната од регистарот. Идејата е во реално време да ја отсликува реалната фактичка состојба за недвижности што во моментот се наменети за продажба“, рече Тунџев.

Катастарот го води регистарот врз основа на податоците од субјекти кои ги презеле недвижностите при наплата на побарувања или по друг основ, односно Агенцијата за управување со одземен имот, Управата за јавни приходи, банки и др.

Како што појаснија стручните служби на Катастарот, Регистарот што се води во електронска форма е дел од геодетско-катастарскиот информациски систем. Тој содржи описни податоци за земјиштето или катастарските парцели, како и податоци за посебните згради и инфраструктурни објекти. На субјектите кои располагаат со овој имот, преку овластени лица, им е овозможен пристап до привремена база на податоци за недвижностите. Тоа ќе го прават преку корисничко име и лозинка што ќе ги доделува Агенцијата. По извршеното потврдување на податоците, ќе се врши упис на податоците во Регистарот на преземени недвижности наменти за продажба.

Законските услови за воспоставување и водење на регистарот се овозможени со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности во јуни годинава, по што беше донесен Правилник за начинот на водење, формата и содржината, а Е-кат системот на Катастарот беше надграден со нова функционалност за иницијално полнење, воспоставување и одржување. Агенцијата за катастар на недвижности ќе ги прикажува податоците од регистарот на преземени недвижности наменети за продажба на својот портал.

банки катастар Одземен имот Регистар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.