Регистар на одземен имот: Банките продаваат 1.207 станови и дуќани и 278 парцели земјиште

Соработка во реализација на проектот досега има со 11 банки, а најголем дел од одземените недвижности што се наменети за продажба моментно доаѓаат од Комерцијална банка АД Скопје. Во втората фаза е предвидено вклучување на стечајните управници и извршителите, затоа што и тие се дел од постапките за располагање со имот

На едно место до сиот недвижен имот: Регистар за продажба на преземени недвижности

Почетното воспоставување на регистарот би значело доставување на податоците со кои располагаат банките, штедилниците, Управата за јавни приходи, Агенцијата за управување со одземен имот и други финансиски субјекти. Од Катастарот велат дека работна група ги подготвува подзаконските акти и се очекува следниот месец да биде готов потребниот Правилник за начинот на водење, формата и содржината на Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба

Заврши рокот за легализација на дивоградби од 2011 и од 2016 година

Од Агенцијата за катастар на недвижности информираат дека во процесот што стартуваше во март 2011 година, заклучно со 31 мај годинава, се легализирани вкупно 202.110 дивоградби. Поединечно по градови, во Скопје биле впишани 65.420 бесправно изградени објекти, во Прилеп - 14.554, во Битола – 11.679, во Куманово – 9.901, во Струмица – 9.227, итн