Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН и СОНК си подадоа рака: Вработените во образование од 1 јануари со 10 отсто поголеми плати

0
By Нова ТВ on December 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 27, 2019 11:09

Над 32.000 вработени во образованието и науката од 1 јануари ќе добијат повисоки плати за 10 проценти. Самостојниот синдикат на образование наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) претпладнево во Владата ја потпишаа Спогодбата што предвидува корекции на месечните лични доходи за околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции. Со ова, како што изјави министерот за образование Арбр Адеми, се подобрува материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.

Од СОНК се задоволни од постигнатото за покачување на платите, но она што останува да се сработи во наредниот период е потпишување на колективен договор за високото образование, измени на колективните договори за основно и средно образование, враќање на регресот за годишен одмор, враќање на надоместокот за превоз за наставниците, кои одат на работа во руралните средини и плаќање на прекувремената работа.

Токму тоа беше причина и за предупредувачкиот протест на првиот ден од оваа училишна година (1 септември), откако претходно двете страни не најдоа заеднички јазик за платите на просветните работници. Министерството за образование и наука во октомври предложи зголемување на платите на 10 отсто што требаше да стапи на сила од април во 2020 година. Тоа беше одбиено од СОНК кој побара зголемувањето на платите да биде од 1 јануари и истовремено најави генерален штрајк за 11 ноември, одлука што подоцна беше ставена во мирување до конечната одлука од МОН. Според Синдикатот, просечната плата на наставничкиот и професорскиот кадар во основното образование е 21.600 денари, а 22.500 денари во средното образование, додека помошно техничкиот пресонал има 13.000 денари плата.

„Како Влада и јас како премиер кој ја напушта функцијата оставам аманет до април, како што се договоривме, да ја направиме нивелацијата или структурната реформа во образованието. Реформата е многу значајна и ќе даде дополнителни шанси за унапредување и на квалитетот за работа на учениците, но и на наставаниците и професорите. Дајте се од себе да пренесеме колку што е можно повеќе квалитетно значење на учениците и студентите кое ќе им треба“, рече премиерот Зоран Заев по потпишувањето на Спогодбата помеѓу МОН и СОНК за покачување на платите во образованието.

Откако вчера стана јасно дека дека владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнале договор за деблокирање на дел од законите во Собранието, а за утре е најавена средба меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се отвора патот за формирање на техничката Влада.

Премиерот Заев изминатите денови неколку пати најавуваше дека избори нема да има на 12 април, а тој нема да поднесе оставка, доколку опозицијата не ги одблокира законите од кои зависат платите, пензиите и инвестициите. Тој посочи дека избори во 2020 година ќе има, но дали тие ќе се одржат на 12 април ќе зависи од пристапот на опозицијата кон Собранието.

МОН плати СОНК спогодба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.