НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Тешки инциденти поради законот за вероисповед во Црна Гора

0
By Нова ТВ on December 27, 2019 СВЕТ
Фото: informer.rs
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Црногорскиот парламент рано утринава го донесе контроверзниот Закон за слобода на вероисповед. Пред гласањето дојде до инциденти во парламентарната сала и апсење на просрпските опозициски пратеници. Законот за слобода на вероисповед е донесен по тензична ноќ во парламентот, со инциденти по кои беа уапсени просрпските опозициски пратеници од Демократски фронт (ДФ).

Пратениците од ДФ за да спречат носење на законот ги напаѓаа физички пратениците од владејачката коалиција, гаѓаа со шишиња, чаши, корнеа микрофони и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала. Поголеми инциденти се спречени благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето. Сите пратеници на ДФ се однесени во полиција, додека останатите пратеници продолжија со работа и законот беше усвоен околу 2:30 часот изутринава.

https://www.youtube.com/watch?v=M5DRlF6-RwE

Според црногорските медиуми, во полицијата и денеска трае сослушувањето на 18 пратеници од ДФ. Во меѓувреме сообраќајот во Подгорица, кој беше блокиран во текот на целиот вчерашен ден од страна на противниците на Законот за слобода на вероисповед, е нормализиран. Премиерот на Црна Гора, Душко Радовиќ, кој во текот на целодневната расправа во парламентот вчера ги „бранеше“ владините решенија, рано изутринава, по усвојувањето на законот, го осуди однесувањето на пратениците на ДФ и рече дека „не очекува радикализација на ситуацијата“ во земјата.

Засега не е познато какви ќе бидат натамошните потези на Црногорско-приморската митрополија на Српската православна црква и дали ќе има нови собири. Во соопштението изутринава Митрополијата „цела одговорност за последиците од донесувањето на законот“ им ја припишува на пратениците кои гласале за него, на Владата која го предложила и на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ. Митрополијата наведува дека со усвојувањето на законот е „потврден сомнежот“ на таа црква за „грабање“ на имотот на православната црква и се оценува дека започнала реализацијата на целите од програмата на владејачката партија во Црна Гора, кои ги прокламирал претседателот на партијата и претседател на државата за создавање/„обнова“ на нова, државна, подобна и послушна „автокефална црногорска православна црква“.

Новиот Закон за слобода на вероисповед ги обврзува црквите во Црна Гора да ја разјаснат сопственоста на недвижностите кои се нашле во нивна сопственост пред 1918 година. Законот, меѓу другото, предвидува подржавување на црковниот имот за којшто не постои доказ за сопственост пред 1918 година, кога Црна Гора станала составен дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.

Синодот на Српската православна црква пред неколку дена ги повика црногорските власти да го повлечат законот, со кој, како што се тврди, се сака насилно да се одземат цркви и манастири на СПЦ. Синодот на СПЦ побара да се подготви нов закон, во согласност со стандардите на современите демократски држави. За Црногорската партија од Србија, пак, усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед е „единствен можен чекор кон враќање на целосниот суверенитет на Црна Гора над својот комплетен државен имот“.

Вероисповед закон инциденти СПЦ Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.