НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Убиството на иранскиот генерал – објава на војна

0
By Нова ТВ on January 3, 2020 СВЕТ
Фото: apnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судирот меѓу САД и Иран опасно ескалира. Oткако високиот по ранг ирански генерал Касим Сулејмани е убиен во американски ракетен напад во Ирак, Техеран се заканува со сериозна одмазда.

Иранскиот духовен водач, Али Хамнеи најавува одмазда поради смртоносниот американски ракетен напад врз иранскиот генерал Касим Сулејмани. Во порака на Твитер, Хамнеи на „злосторниците“ кои се одговорни за смртта на Сулејмани им се закани со „сериозна одмазда“, а во земјата прогласи тридневна жалост за убиениот генерал.

Фото: timesofisrael.com

Касим Сулејмани, еден од највисоките по ранг ирански генерали, САД го убија во текот на ноќта во Ирак. Американското министерство за одбрана соопшти дека наредбата за напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад ја издал претседателот Доналд Трамп, како „чин на одбрана“. Се додава дека Сулејмани активно работел на планови за напад на американски дипломати и воени сили, а целта на американскиот напад е одвраќање на Иран од идни акции, аргументира Пентагон.

Непосредно по нападот, американскиот претседател Доналд Трамп објави твит без зборови, само со фотографија на американското знаме. Покрај Сулејмани, чија смрт ја потврди и Техеран, во нападот е убиен и еден од лидерите на проиранските народно-мобилизирани сили, Абу Махди ел Мухандис, заменик претседател на милицијата Хашед-ал-Шааби.

Фото: hongkongfp.com

Како командант на иранската Револуционерна гарда, Сулејмани беше на чело на специјалните единици, бригадата „Ал Кудс“ и раководеше со мисии во странство. Револуционерната гарда претставува елитна единица на иранската војска, која САД ја класифицираат како терористичка организација.

Напад во близина на аеродромот

Според податоци на ирачките безбедносни кругови, проектилите погодиле конвој возила на милицијата, а две возила експлодирале. Убиени се вкупно седум луѓе, а повеќемина се ранети. Ирачката војска официјално објави дека нападот се случил во близина на магацините покрај багдадскиот аеродром.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф убиството на Сулејмани го оцени како „исклучително опасно“ и рече дека претставува „глупава ескалација“. Зариф во порака на Твитер го осуди убиството на генералот како „акт на меѓународен тероризам“.

Фото: infowars.com

Иранското министерство за надворешни работи, преку претставник на швајцарската амбасада во Техеран, која таму ги застапува интересите на САД, порача дека Иран остро ја осудува американската акција. Одмазда кон САД најави и бившиот командант на Револуционерната гарда, Мосен Резаи, истакнувајќи дека таа ќе биде „ужасна“.

Во Техеран е свикана итна вонредна седница на Врховниот совет за национална безбедност, како што изјави портпаролот на ова тело, а пренесува државната новинска агенција ИСНА.

Загриженост во Демократската партија во САД

Адам Шиф од Демократската партија на САД, кој претседава со Комисијата на Претставничкиот дом на Конгресот задолжена за надзор над тајните служби, изрази загриженост.

Тој на Твитер напиша дека Сулејмани бил одговорен за „незамисливо насилство“ и светот без него ќе биде подобар. Но, американскиот Конгрес не го одобрил американскиот ракетен напад во Багдад, а „народот на САД не сака војна со Иран“, истакна Шиф. Американските единици сега би требало да бидат заштитени од „речиси неизбежна ескалација“.

Фото: latimes.com

Поранешниот американски потпретседател и можен претседателски кандидат на Демократите, Џо Бајден, смета дека сега е дојдено до работ на поголем конфликт на Блискиот Исток.

„Амери канскиот претседател Доналд Трамп тукушто фрли динамит врз буре барут“, напиша Бајден на Твитер.

Нова кулминација во судирот САД – Иран

Иранскиот генерал Касим Сулејмани повеќепати бил виден заедно со припадници на шиитските милиции во Ирак и во Сирија. Неговата смрт претставува нова кулминација во судирот меѓу САД и Исламската Република Иран.

САД во текот на изминатиот викенд нападнаа припадници на шиитската милиција во Ирак. Во напад врз бригадите на Хезболах се убиени 25 борци. Како одговор на тоа, стотици демонстранти во вторникот упаднаа во посебно заштитената Зелена зона во Багдад и во комплексот на американската амбасада запалија неколку стражарници, по што силите за безбедност успеаја да ги потиснат. Во оваа акција американската војска користеше и хеликоптери, а во регионот се префрлени дополнително уште неколку стотини американски војници.

Фото: nbcnews.com

САД го обвинуваат раководството во Техеран за влечење конци во протестите и нападот врз американската амбасада во Багдад. Државниот секретар Мајк Помпео во средата директно го обвини сега убиениот Ел-Мухандис за нападот, а Иран го отфрли обвинувањето.

„Објава на војна“

Мнозинството од аналитичарите се изненадени од најновиот развој на ситуацијата.

„Претседателот, кој ветуваше дека нема да ги воведува САД во нови војни на Блискиот Исток, тукушто прогласи војна“, истакнува шефот на Истражувачкиот центар на Меѓународната кризна група, Роберт Малеј. Смртта на Сулејмани, додава тој, не е само силен удар за Иран, туку и тежок удар против секоја надеж во деескалација на ситуацијата во регионот.

Иранскиот аналитичар Мухамед Маранди на Твитер оцени дека нападот на САД всушност е објава на војна кон оружените сили на Иран и Ирак.

Фото: mohsenabdelmoumen.over-blog.com

„Би било најдобро сите американски граѓани веднаш да го напуштат регионот“, напиша Маранди.

Експертот за Иран, Филип Смит од Институтот за политиката на Блискиот Истокво Вашингтон, предвидува дека убиството на генералот Сулејмани ќе има поголемо влијание на настаните од убиството на лидерот на Ал Каида, Осама бин Ладен во 2011. година и лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади минатата година.

Иран САД тензии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.