Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Костовски ќе сведочат за „Монструм“

0
By Нова ТВ on January 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 14, 2020 12:18

Предметот  „Монструм“, се врати на почеток, но само формално. Продолжи каде што застана, откако претходно се смени поротник, но во интерес на постапката и начелото за судење во разумен рок, одбраната се сложи да продолжи без повторно читање на обвинението и без повторно изведување докази.

Од судот, ја информираа јавноста дека заради промена на судечкиот совет, односно поднесена остава на еден судија – поротник, а во брзо време и истек на мандат на друг судија – поротник, со назначување нови како и дополнителни – резервни поротници, главната расправа формално почна одново, а продолжи со изведување нови докази.

„Имено, заради ефикасност на постапката, начелото за судење во разумен рок и пред се Уставно загрантираните права и обврски на обвинетите и оштетните во постапката, одбраната се согласи наместо повторно изведување на доказите, судењето да почне формално од почеток само со пренесување на сите досегашни изјави и изведени докази во новиот записник, со што расправата продолжи онаму каде и претходно застана, а тоа е со изведување на нови докази и сослушување нови сведоци“, стои во соопштението од судот.

На овој начин судот, во согласност со одбраната, а постапувајќи според Законските одредби не дозволи дополнително одолговлекување на постапката, што е од интерес пред се на обвинетите и оштетените во предметот. Во судницата родителите на момчињата доставија видео од собраниски говори, како дополнителни докази. Нови сведоци ќе повика и Обвинителството. Станува збор за доскорашниот премиер Зоран Заев, Зоран Трајковски, Ѕвонко Костовски.

Заев е повикан од обвинителот Гаврил Бубевски да сведочи во однос на неговите информации за предметот, додека Звонко Костовски заради начинот на кои се предадени бомбите од УБК до СЈО, а Трајковски заради телефонските разговори кои беа слушнати во судницата, на кои зборува тој. Родителите на убиените момчиња го предложија за дополнителен сведок Синиша Алексовски, соработникот на Ѓорге Иванов, а обвинетите побараа да сведочат момче и девојка „алфи“ од МВР кои први дошле на местото на злосторството.

Процесот Монструм беше вратен на повторно судење од страна на Врховниот суд, кога највисокиот суд ги укина пресудите. Тогаш случајот го презеде Специјалното обвинителство, а по згаснувањето на СЈО предметот се врати на редовното, односно во Обвинителството за гонење на организиран крими ал и корупција, а обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевсли.

Во Монструм обвинети се шестмина за петкратното убиство во 2012 година кај Смилковското езеро. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство. Тие добија нов адвокат по службена должност, откако досегашниот Насер Рауфи се повлече како нивен бранител. На обвинителна клупа се седнати четворица од обвинетите, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Првично беа осудени на доживотен затвор под обвинение за тероризам, но по укинувањето на пресудите, Врховниот суд ги ослободи од притвор осудените  и им определи мерки на претпазливост. Адвокатот Насер Рауфи повеќе не е адвокат на бегалците Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, на кои им е назначен адвокат по службена должност, Милица Гроздановска. Наредното рочиште е закажано за 3 февруари.

 

Заев Монструм почеток
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.