Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пленковиќ: Амбиција е старт на преговорите со ЕУ со Македонија и Албанија

0
By Нова ТВ on January 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 14, 2020 13:12

Организирањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб и отворањето преговори за членство на Македонија и Албанија во Унијата се меѓу главните приоритети на претседавањето на Хрватска со Унијата – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во обраќањето пред Европскиот парламент.

Претставувајќи ги приоритетите на хрватското претседавање со ЕУ, Пленковиќ пред европратениците порача дека Хрватска не ја крие амбицијата да се обиде да обезбеди поддршка од земјите членки на Унијата за старт на преговори за членство со земјава и со Албанија.

„Идниот извештај на Европската комисија и предлозите за подобрување на методологијата за процесот на преговорит, вели премиерто на Хрватска која престедава со ЕУе ќе бидат важни. За кредибилноста на политиката на проширување важно е да се зачуваат принципите на почитување на политичките критериуми и индивидуалниот напредок. Секоја земја кандидат треба да се оценува врз нејзините резултати, при што крајната цел на преговорите останува членството во ЕУ. Тоа треба да биде главната определба на политиката за проширување“, истакна хрватскиот премиер.

Пленковиќ потсети дека Европскиот парламент по француското вето лани во октомври, усвои резолуција со која се поддржува отворање на преговорите со Албанија и Северна Македонија и во која се подвлекува важноста на проширувањето, како за земјите кандидати, така и за ЕУ. Со тоа, според Пленковиќ, Европарламентот ја потврди посветеноста кон кредибилната политика на проширување на ЕУ.

Хрватскиот премиер потенцира дека средбата на врвот од Загреб во мај ќе се одржи 20 години по првиот загрепски Самит, кој „ја отвори европската перспектива за Југоисточна Европа и за договорите за стабилизација и асоцијација“.

„Меѓу тие земји се наоѓаше и Хрватска, која единствено стана членка на ЕУ. Денес таа претседава со ЕУ и нашиот пример му дава уште посимболично значење на Самитот во Загреб. Затоа од Самитот во Загреб сакаме да им испратиме силен сигнал на нашите партнери од Југоисточна Европа кои се уште се во еден вид на европско претсобје и да им порачаме: Ако ги продолжите сите реформи и ги исполните сите критериуми за членство, Вашата европска перспектива не е ставена во прашање и вие сте добредојдени. Истовремено, ЕУ ќе Ви помогне да ги исполните вашите цели со учество во европските проекти, интегрирање на инфраструктурните мрежи со редовен политички  дијалог на највисоко ниво и со промовирање на европските вредности и принципи“, рече хрватскиот премиер

Албанија ЕУ Македонија Пленковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.