НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Помалку украсени општини и повредни тендери: За новогодишно украсување – 675.000 евра

0
By Нова ТВ on January 15, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: sitel.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 675.000 евра потроши Град Скопје и 20 други општини за украсување на Новата 2020 година. Само Градот потрошил околу 285.000 евра, што е удел од 42 отсто од вкупните пари за оваа намена. Споредено со претходната година, намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите. Ова го покажува базата на податоци за сите тендери на локалните власти што денеска ја објави Центарот за граѓански комуникации. Според податоците, дури 91 отсто од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот завршуваат кај две скопски фирми, „Линк Медиа Плус“ и „Метал-Вет-Ел“.

Околу 490.000 евра, односно, 73 отсто од парите за новогодишното украсување се потрошени во Скопје и тоа од градските власти и од општините Центар, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари.

„По Град Скопје, најголемите договори за украсување ги имаат склучено скопските општини Центар и Аеродром истиснувајќи ги општините Карпош и Струмица кои лани беа на овие позиции. Промената се должи на тоа што Општина Центар годинава спроведе тендер по пауза од две години во вредност од 56.847 евра, а Општина Аеродром, пак, ја зголеми вредноста на договорот за 54 отсто и за украсувањето потроши 48.519 евра“, соопштува Центар за граѓански комуникации.

Освен што договорите ги добиваат истите фирми, податоците велат дека продолжува и старата навика на задоцнето објавување на огласите за јавна набавка на новогодишно украсување што, секако, според Центарот за граѓански комуникации, неповолно влијае врз конкуренцијата и ги оневозможува потенцијалните понудувачи потемелно да ја подготват реализацијата на договорите.

Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои се реализираат во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Нова година општини тендери трошоци украсување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.