Рускиот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка на функцијата до претседателот Владимир Путин, кој му изрази благодарност за досегашниот ангажман во Владата. Според најавите во руските медиуми, Медведев ќе биде именуван за член на претседателскиот Совет за безбедност. Путин притоа се обратил со барање до министерскиот кабинет да продолжи со работа до формирање на новата Влада.
На оставката на Медведев претходеше предлог на Путин за темелни промени на рускиот Устав. Дел од нив, како што пренесуваат руските медиумите, се однесуваат на можноста во иднина Думата да има овластувања да предлага премиери, заменик премиери и министри, а претседателот да има обврска да ги именува предложените кандидати.
„Во тој контекст е јасно дека ние како Влада сме должи да му ги овозможиме на претседателот сите потребни одлуки за тоа“, рече досегашниот премиер Медведев.
Прес-службата на Кремљ соопшти дека Медведев разговарал со Путин за иницијативите што произлегоа од денешниот претседателски говор.
„Предлагам промени во овластувањата и задачите на државната Дума за да може да се именуваат кандидати за државната администрација. Подоцна, по препорака на премиерот, би се предлагале заменици и министри“, рече Путин.