Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лектори во сите институции и високо образовни установи

0
By Нова ТВ on January 15, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: telma.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2020 16:56

Отворање нови лекторати во странство и возобновување на постоечките, создавање електронски корпус на сите научни истражувања за македонскиот јазик, формирање Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик како посебна институција во рамките на Министерството за култура, вработување лектори во јавни институции, итн. Ова се само дел од одредбите во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик за кој денеска се одржа јавна расправа.

Предлагач е Советот за македонски јазик, во координација со Министерствата за култура и за образование и наука. Според претседателот на Советот, Људмил Спасов, фактички се работи за нов закон зашто сосема поинаку и суштински ја разгледува употребата на македонскиот стандарден јазик во нашата држава, но и надвор од неа.

Во законот се предлага и на сите универзитети во нашата држава задолжително да се изучува македонскиот јазик во траење од два семестра, а во културните центри во нашите амбасади во странство да се изучува македонски јазик за сите заинтересирани во таа држава.

Фото: pressingtv.mk

„Убаво е да има лектори во сите институции, државни и приватни, како и во сите медиуми за да не може младите генерации да учат по нечист текст, туку веднаш да го усвојуваат македонскиот јазик со усвојување на писмото, на азбуката“, рече Елена Јованова Грујовска, директорка на Институтот по македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ (ИМЈ).

Сугестија од ИМЈ е да постои тело за стандардизација што ќе ги решава јазичните дилеми, пред се на лекторите. Негова задача ќе биде да каже дали новите зборови се во духот на јазикот и дали тие може да се употребуваат.

За тоа како и дали се имплементира законот ќе се формира Инспекторат за употреба на македонскиот јазик. Стручни лица ќе ја надгледуваат употребата и ќе сугерираат доколку наидат на неправилности. Првиот човек на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов, вели дека на оваа измена треба да се гледа како на позитивна политика.

„Инспекторатот е нормална работа. Идејата не е да се казнува по секоја цена, туку да се помага, да се усовршува, да не се прават непотребни грешки кои не зборуваат добро за сите нас. Значи, да бидеме покултурни, поиздигнати, со поафирмиран стандарден јазик“, изјави Спасов.

Според него стандардниот јазик е огледало, столб на државата.

„Нам ни претстојат евроатлантски интеграции и ние мора да излеземе како сите европски држави со чист и издржан стандарден јазик. Се надевам дека ќе создадеме закон кој ќе ги обедини сите, не само Македонците, туку и сите што живеат во државата, зашто во оваа смисла македонскиот јазик е обединувачки“, вели Спасов.

Тој, како што нагласува, не е во спротивност со Законот за употреба на јазиците, односно не се негираат еден со друг. Законот се изработувал две и пол години, а денеска истекува рокот за поднесување предлози за измените до Министерството за култура како негов основен предлагач.

закон јазик Лектори Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.